Свет
ММФ за специјални права за влечење од 250 млрд. евра
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе гласа во август околу предлогот за доделување на посебни права за влечење во вредност од 250 милијарди долари
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе гласа во август околу предлогот за доделување на посебни права за влечење во вредност од 250 милијарди долари.
Воведувањето на ова мерка би било со цел да им се помогне на сиромашните држави полесно да ја пребродат кризата.
Едократното безусловно доделување на посебните права за влечење (SDR) во вредност од 250 милијарди долари ќе ја зголеми ликвидноста на сиромашните и на економиите во развој.
SDR се доделува согласно квотите на одредена земја членка и може да се менуваат за конвертабилни валути, како што е доларот, еврото, фунтата и јенот.
Најразвиените земји имаат и најголеми квоти во ММФ и се очекува дека своите посебни права на влечење да им ги позајмат на оние земји кои имаат проблем со ликвидноста.
„Доделувањето на SDR е клучниот елемент на одговорт на ММФ на глобалната криза и претставува значителна поддршка на членките во овие тешки времиња“, изјави директорот на ММФ, Доминик Штраус-Кан.
Овој план е предложен од групата Г20, заради одржување на ликвидноста во меѓународниот финансиски систем.
Според новата шема САД ќе добијат 42,6 милијарди долари, Јапонија 15, Кина девет, Русија 6,6, Индија 4,5, Мексико 3,6, Бразил три, Турција 1,3 милијарди долари.
Македонија им специјални права за влечење во ММФ во вредност од 77 милиони долари. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.