Македонија
Жерновски: Груевски ќе го симнеме од власт со дискусија за економијата

Андреј Жерновски од опозициската ЛДП денеска со жалење констатира дека стратегијата за проектот „Скопје 2014“ доживеа целосен успех.
Андреј Жерновски од опозициската ЛДП денеска со жалење констатира дека стратегијата за проектот „Скопје 2014“ доживеа целосен успех.
„Имено стратегијата на Груевски е да се отргне вниманието на јавноста од главните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на Република Македонија. Ние цели две недели дискутираме за проектот „Скопје 2014“, наместо да дискутираме за Македонија 2010 односно да дискутираме за нашиот денешен живот кој што е окарактеризиран со драматична влошена економска состојба“, истакна Жерновски.
Според него, проектот е идеална тема да се отргне вниманието од реалноста, а таквата јадица ја загризала дел од опозицијата.
„Ние како Либерално демократска партија сметаме дека има побитни теми а тоа е економската состојба. Можам да констатирам дека опозицијата е исто така виновна што денеска стратегијата на Груевски успева“, вели Жерновски.
Тој и порача на целата опозиција и на јавноста да дискутира за економијата, а не за други теми.
„Економијата е темата со која што Груевски дојде на власт и економијата е темата со која што Груевски ќе си замине од власт“, подвлече Жерновски.
Тој додаде дека и понатаму ќе ја подржува иницијативата за свикување итна седница за да се расправа за проектот, но дека иницијативи и информации за дискусија треба да се бараат од областа на економијата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата ВМРО-ДПМНЕ по денешните изјави на Филипче од Берлин.
„Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја.
Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа.
Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости.
Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите.
Задоцнети и бледи се ваквите обиди на СДС и Венко Филипче за нивните предавства, народот ќе ги памети како најголемите предавници во историјата на државата и истите ќе завршат во темните историски страници.
Сега Македонија има Влада која ги брани националните интереси и нема ни милиметар да се помести од позициите за одбрана на идентитетот, историјата, културата, јазикот.
На чело на државата сега е Влада која ги брани, зацврстува и ги провира националните идентитетски обележја.
Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, која со напорен труд ја развива во сите пори на општественото живеење и која работи на нејзина евроинтеграција на достоинствен начин со заштитени национални обележја“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
Македонија
Филипче во Берлин му се заблагодари на Шолц за поддршката за македонскиот јазик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Берлин, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), се сретна со поранешниот германски канцелар Олаф Шолц.
Партијата извести дека во името на СДСМ и на сите граѓани, Филипче изразил искрена благодарност за силната и принципиелна поддршка која Германија, под водство на Шолц, ѝ ја даваше на Македонија во процесот на европска интеграција, но и за континуираната поддршка од Владата и од СПД – сестринската партија на СДСМ за заштита на македонскиот идентитет.
„Благодарни сме за поддршката, особено за резолуцијата на германскиот Бундестаг во 2023 година, со која испративте силна порака и поддршка за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Тоа беше резултат на државничката политика на СДСМ и соработката со германските социјалдемократи. Погрешните политики на актуелната власт во изминатата година ги загрозија сите овие успеси“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ рече дека е уверен дека поддршка од германската СПД ќе продолжи и понатаму, а од Берлин упати и јасна порака дека СДСМ ќе остане да ги брани државните и националните интереси.
„Не смее да се дозволи било какви додавки за македонскиот јазик во Извештајот на Европскиот парламент. Јазикот и и идентитетот не биле и не смеат да бидат предмет на додавки. Во сите документи на Европската унија македонскиот јазик е јасно потврден„ рече Филипче.
СДСМ останува цврсто посветен на европската иднина на државата и на стратешките партнерства што ја зајакнуваат македонската позиција на меѓународната сцена.
Македонија
Некст тајм, 2 Бона и Слаткаристика вечерва во Расадник, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика сите на журка

Општина Кисела Вода и оваа вечер, во рамки на Културното лето 2025, кое е под слоганот „Сè на свое место“, нуди ново музичко доживување. На платото пред салата „Расадник“, од 20:30 часот, ќе настапат едни од најголемите музички имиња на македонската сцена – Некст тајм, 2 Бона и Слаткаристика.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги покани сите граѓани да бидат дел од овој музички настан.
„Дали сте подготвени за уште една незаборавна вечер? 2 Бона, Слаткаристика и Некст тајм ќе се погрижат за тоа! Вечерва не се бројат часови, туку моменти! Подгответе се за вечер исполнета со добри вибрации и незаборавна забава. Не дозволувајте да ви раскажуваат – бидете дел од најдобрата журка во Скопје! Вечерва, 20:30 часот, плато пред сала Расадник“, повика градоначалникот Ѓорѓиевски.