Македонија
Средба на Милошоски со Жан-Луј Лоран од Советот на Европа
На 9-ти ноември пред 14 години Македонија стана членка на Советот на Европа, а претседателството со Комитетот на министри е потврда за хармонизирањето на нашите национални политики со оние на членките од најстарата паневропска органзацијата, рече Милошоски
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се сретна генералниот директор за демократија и политички прашања на Советот на Европа, Жан-Луј Лоран, придружуван од политичкиот советник за Македонија во истиот директорат, Мери Ен Хенеси. На средбата биле разменети мислења за подготовките на претседавањето на Република Македонија со Комитетот на министри што ќе се одвива во периодот од мај до ноември 2010 г., информираат од Минситерството за надворешни работи. Соговорниците ја истакнале подготвеноста на Македонија преку претседавањето да го даде својот максимален придонес за натамошна афирмација на Советот на Европа, неговите темелни принципи и стандарди, како и воопшто за подобрување на политичкото влијание и значењето на оваа организација како форум за дискусија и донесување на одлуки за прашања од областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Како што информира кабинетот на Милошоски, македонскиот шеф на дипломатијата подвлекол дека како дополнителен мотив и импулс за успешно спроведување на оваа задача, служи и неодамнешното добивање на препораката во Извештајот на Европската Комисија за почеток на преговори за членство на дражвата во ЕУ, што според него претставува јасен показател за реформите и напредокот што Република Македонија го остварила во повеќе области, вклучувајќи ги и областите во кои Советот на Европа има директна надлежност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Зелениково без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од с.Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково)
Македонија
Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.
Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.
„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.
Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.