Компании
оне.Вип започна изградба на нова интегрирана мрежа
Компанијата оне.Вип во средата објави дека ја започна изградбата на новата интегрирана мобилна мрежа, следејќи ги своите заложби за обезбедување повеќе вредност за корисниците и уште подобри и нови услуги.
Проектот за интеграција на мобилните мрежи, што во суштина значи создавање на нова мрежа започнува на крајот на 2015 година и ќе се одвива регион по регион. Придобивките на новата мрежа ќе бидат достапни за поголемиот дел од корисниците кон крајот на 2016 година, се вели во соопштението.
Следствено на правното спојување, оне.Вип започна неколку комплексни проекти кои ќе донесат повеќе придобивки за сите кориснички групи. Новата мобилна мрежа ќе има за цел на сите корисници на оне.Вип да им обезбеди значително поголеми капацитети на 3Г технологијата, поголема мрежна покриеност на целата територија на земјата и 4Г ЛТЕ достапност низ цела Македонија, со цел да се обезбеди најдобро корисничко искуство и најнови светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.
„Со создавањето на споениот ентитет, оне.Вип, создадовме компанија со посилен капацитет за инвестирање и се обврзавме да ги донесеме најновите технолошки предности во земјата, да обезбедиме подобар квалитет на услугите, нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и планираме воведување на ЛТЕ технологијата ширум Македонија. Со почетокот на изградбата на новата интегрирана мобилна мрежа на крајот на оваа година, со гордост најавуваме дека ќе донесеме најдобри услуги за сите наши корисници во текот на наредната година. Процесот е комплексен, паралелно го водиме редовното работење на компанијата и уште други нови проекти кои се планираат за 2016 година. А за една година отсега, навистина ќе бидеме прв избор во комуникациите за нашите корисници, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.
Паралелно, оне.Вип и Близу ќе бидат силно фокусирани на целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура, со што создаваат целосно конвергентен оператор со можности да понуди најдобри конвергентни услуги.
Инвестициите планирани за наредната година се во двоцифрен износ на милиони евра, само во мрежи и инфраструктура.
„Претставува голема привилегија и можност да се работи на овие проекти на воведување конвергентни мрежи и да се искористат сите синергии кои ги имаме, инвестирајќи во сите телекомуникациски сегменти во Македонија. Збогатувањето на понудата со најновите светски технолошки достигнувања и понатамошното подобрување на квалитетот и развојот на иновативни услуги базирани на 4Г ЛТЕ технологија, што заедно со надградената кабелска инфраструктура за големи брзини и капацитет, ќе овозможи да создадеме најдобро конвергентно портфолио за македонските корисници. Истовремено, ќе ја поттикнеме и охрабриме конкурентноста, ќе инвестираме во инфраструктура, иновации и технологија, со што ќе придонесеме за општиот развој на економијата во Македонија. Имаме силни тимови, добри планови, инвестициски капацитет одобрен од нашите акционери и огромна волја да го донесеме најдоброто од телекомуникацискиот сектор во Македонија“, истакна Адријан Јежина, Главен технички директор, оне.Вип./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

