Македонија
Рикер-Соренсен: Излезете на праведни и фер избори

Граѓаните да не се плашат од никакни заплашувања, излезете на праведни и фер избори порачаа амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер и Петер Соренсен, шеф на делегацијата на ЕУ на прес-конференцијата на граѓанската асоцијација МОСТ.
Граѓаните да не се плашат од никакни заплашувања, излезете на праведни и фер избори порачаа амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер и Петер Соренсен, шеф на делегацијата на ЕУ на прес-конференцијата на граѓанската асоцијација МОСТ.„Граѓаните да не се плашат од никакви заплашувања, од никакни принуди. Да знаат дека нивниот глас е таен и ви посакувам да имате фер и демократски избори како што наликуваат на една демократска држава“, истакна амбасадорот Рикер.Тој ги охрабри граѓаните да гласаат бидејќи дека ова се важни избори за Македонија.„Убедени сме дека вашата земја има капацитет да споведе праведни, слободни и демократски избори. Излазете на избори гласајте, не плашете се од никакви закани и заблашувања еден глас, еден човек, еден избор“, рече евроамбасадорот Соренсен.Тој се надева дека евроспаката агенда ќе остане приоритет и на новата влада.МОСТ утрешните предвремени парламентарни избори ќе ги следи со 3.700 набљудувачи, број со кој ќе се покријат околу 70 отсто од гласачките места во Македонија.Граѓанската асоцијација го набљудува и денешното гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени и лица во затвор или притвор, како и гласањето на дијаспората во 19 дипломатско-конзуларни претставништва во странство.Тие упатија уште еден апел за одржување фер, демократски и мирен изборен процес.Граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности на бесплатниот телефонска линија 080 080 080, а во текот на утрешниот ден ќе одржат четири прес-конференции на кои ќе ги соопштат сите информации поврзани со набљудувањето на изборите. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал“, држела луѓе од други општини затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.
– Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите, изјави поддржувачот на родителите.
Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршрута како и претходно: Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, полиција, суд, со тоа што вечерва немаше свирежи пред споменатите институции.
Родителите беа доста тивки. Сестра на починато момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.
Македонија
Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат

Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат. Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Со отворањето на патот за пристап, како што наведува, се овозможи пешадиско дејствување на екипите на „Национални шуми“, што значително придонесе кон ограничување на ширењето на огнот.
– Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел-412 на МВР, две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово со соодветни противпожарни возила, како и екипи на „Национални шуми“ – Подружница Куманово со специјализирани возила за шумски пожари. Активно учество зема и месното население, чија помош беше од големо значење. Како директор на Центарот за управување со кризи, лично ги координирав активностите на терен, осигурувајќи соработка меѓу институциите и брза реакција за заштита на животите и имотот на граѓаните. Благодарност до сите учесници за професионалниот ангажман и посветеност, нагласи Али.
ЦУК соопшти дека вечерва до 18:00 часот на територијата на цела држава има вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а 15 се изгаснати. Освен пожарот во селата Лојане и Табановце, активни пожари има и во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, каде се зафатени пасишта и мешана шума и во кумановското село Черкези.
Македонија
На Табановце се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.