Uncategorized
Вклучен ЛХЦ акцелераторот, се очекуваат првите резултати

Меѓународнитефизичари во Европскиот центар за нуклеарни истражувања денеска го пуштија вопогон Големиот хадронски акцелератор на атомски честици(ЛХЦ), најкомплекснатанаучна направа било кога направена.
Меѓународнитефизичари во Европскиот центар за нуклеарни истражувања денеска го пуштија вопогон Големиот хадронски акцелератор на атомски честици(ЛХЦ), најкомплекснатанаучна направа било кога направена.
Со овој уреднаучниците во следните 30 дена ќе се обидат да го симулираат Големиот бенг и даја решат енигмата за постанокот на вселената.
Денеска во 9:30часот во големиот акцелератор на честички, односно 27 километри долг кружентунел со вакумска цевка што се наоѓа 100 метри под земја, под границата меѓуШвајцарија и Франција, научниците ги уфрлија првите протони, засега само воедна насока, а низата експерименти со кои ќе биде направен обид да се откриепостанокот на вселената ќе траат до средината на октомври. ЛХЦ го градеа 10.000научници неколку десетина години, а проектот чинеше 9,5 милијарди долари.
„Имаме измешаниемоции, задоволство што направивме голема работа и надеж дека огромни откритијасе пред нас“, изјави денеска главниот директор на ЦЕРН, Роберт Ајмар.
ЛХЦ ќе користи големимагнети за исфрлање на трилиони честици кои низ тунелот ќе се движат со брзинаод 11,245 пати во секунда, односно 99,99 отсто со брзина на светлината.Направата е способна да произведе 600 милиони судари на честиците секојасекунда.
За забрзување начестиците се користи супроводливост што се остварува во шупливиот линеаренелемент направен од ниобиум, чии страници се исполнети со теченхелиум(-271Целзиусов степен) со дејство на забрзаните електромагнетни бранови.
Компјутерите ќерегистрираат се што се случува во тие минијатурни верзии на исконските огненикугли, а околу 10.000 научници ширум светот ќе го анализираат собраниотматеријал. Посебни детектори ќе ги набљудуваат милијардите честици настанати посударот и ќе бележат како се спојуваат, оддалечуваат или просто исчезнуваат.
Научницитепосебно ќе се позанимаваат со концептите благодарение на кои и се почнало, како„темната материја“, „темната енергија“ и „Хигсовиот бозон“, хипотетичнаелементарна честица за која се смета дека е клуч на мистеријата за тоа какоматеријата добила маса. Оваа честичка е единствениот уште не откриен дел од т.нСтандарден модел на елементарните честици.
Без маса,ѕвездите и планетите никогаш не би можеле да се обликуваат во еони по Големиотбенг и животот не би започнал ниту на Земјата или, како што веруваат некоинаучници, и на некои други светови.
Иако во проектотсе вложени многу пари, компјутерската сила во ЦЕРН нема капацитет да ги собересите податоци што ќе стигаат до нив кога ќе почне експериментот.
/крај/дн/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.
Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.