Контакт

Надворешна политика

Рот: Кризата треба да се реши веднаш, во прашање е иднината на земјата

Објавено пред

Вратата на Европската унија (ЕУ) е отворена за Македонија, а доколку земјата ја исполни реформската агенда, тогаш и Унијата ќе го оствари ветенето, порача во вторникот германскиот државен секретар задолжен за Европа, Михаел Рот на дебатата со студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
 

dobivaj vesti na viber

Вратата на Европската унија (ЕУ) е отворена за Македонија, а доколку земјата ја исполни реформската агенда, тогаш и Унијата ќе го оствари ветенето, порача во вторникот германскиот државен секретар задолжен за Европа, Михаел Рот на дебатата со студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

 

Според Рот, досега премалку е направено во поглед на имплементацијата на Договорот од Пржино, а одговорноста околу спроведувањето на истиот лежи кај сите страни. Кризата којашто се случува во Македонија го забави напредокот на земјата, а негативниот тренд во демократското владеење е забележлив веќе подолго време, нагласи германскиот политичар.

„На Македонија и е потребна ЕУ и на ЕУ и е потребна Македонија, особено во овој период. Соработуваме во поглед на бегалската криза, но ова не значи дека нема да има и некакви политички отстапки од страна на ЕУ. Политичката криза во вашата земја треба да се реши веднаш, нашите очекувања се јасни поради тоа што на маса имаме политички договор. Има уште малку време за да се имплементираат мерките кои се потребни за да се одржат фер и демократски избори во април. Кризата веќе го забави прогресот во вашата земја, негативниот тренд во демократското владеење е забележлив веќе подолго време. Во 2014-та година ЕК ги изрази загрижувањата поради назадувањето во слободата на медиумите и независноста на судството. Во 2015-та, пак, ЕК повторно предупреди дека земјата назадува во областите на владеењето на правото и слободата на медиумите, а овие прашања не беа адресирани од страна на владата. Потребно е политичките лидери конечно да сфатат дека иднината на земјата е во прашање, и тие мора да се придржуваат до договореното, во спротивно, пак, има ризик изборите да не се одржат со потребните и јасни европски стандарди“, порача Рот.

Државниот секретар при германското министерството за надворешни работи, исто така, нагласи дека покрај политичките партии, своја улога во решавањето на кризата во земјата треба да игра пред се и граѓанското општество.

„Се надевавме дека кризата ќе заврши со Договорот од Пржино, кој предвидуваше низа структурни реформи, но имплементацијата на договорот и реформите не се на она ниво што треба. Многу можности и рокови беа пропуштени, работата на Специјалното јавно обвинителство е попречувана неколкупати, реформите во медиумите не ни започнаа, а чистењето на избирачкиот список требаше да започне уште пред неколку месеци. Парламентарната анкетна комисија не функционира како што треба, парламентарните тела кои требаше да работат на контролата на работата на службата за разузнавање и скандалот со прислушувањето не започнаа со важната работа која треба да ја завршат. Патот кон членството во ЕУ е долг и исцрпувачки, и разбираме дека се чуствувате фрустрирани и нетпреливи, и тоа е ваше право, но имате и обврска да бидете дел од овој процес. Зборуваме за промени кои бараат многу од владата, но и од граѓаните. Да се стане член на ЕУ е проект за целото општество, ни треба силно граѓанско општество за овој процес да биде успешен“, објасни Рот.

Во однос на одржувањето на изборите, Рот порача дека кога се разговара на оваа тема, мора да се потенцира дека клучните зборови се „фер и слободни избори“.

„Македонија е во тешка ситуација поради тоа што ова не е општествена или економска криза, туку се работи за политичка криза на доверба. Македонија загуби многу кредибилитет во Европа, но и дома. Останува на политичките власти да ги исполнат сите детали од Договорот од Пржино. Спроед мене има две клучни работи кои владата не ги исполни, првата е избирачкиот список а втората е состојбата во медиумите. Сега е потребно да се сработи домашната задача, на 20-ти февруари очекуваме фер и отворена проценка околу тоа дали изборите може да се одржат во април. Не разговараме само за избори, туку за фер и слободни избори“, рече тој.

Германскиот политичар се осврна и на спорот за името кој Македонија го има со Грција, нагласувајќи дека доколку двете страни се подготвени на компромис, тогаш можно е да се најде решение за овој проблем.

„Не гледам дека проблемот со името во моментот е најсилниот проблем, но одредени чекори кон изнаоѓање на решение скоро беа преземени и од Македонија и од Грција. Градењето на мерки за доверба може да биде добар прв чекор кон изнаоѓање на решение, кое сите го чекаме веќе предолго. Можно да е се изнајде име кое што ќе биде прифатливо и за двете земји. Доколку овие напори се успешни, тогаш сигурни сме дека ќе има и напредок во поглед на одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме европските аспирации на сите земји од западен Балкан, се додека критериумите за членство се постигнати. Бегалската криза покажа дека потребно е сите да работиме заедно, и Македонија покажа дека е подготвена да ја преземе улога со која ќе го адресира овој проблем“, рече Рот.

Иако Македонија е само една мала земја, ставот на Германија и ЕУ е дека тие се тука за неа и постојано мислат на тоа како да и дадат една подобра поддршка, заклучи Рот, додавајќи дека оваа поддршка не е само фокусирана на владите и партиите, туку и на граѓанското општество и младите генерации/крај/мф/бс

Извор: Фото/МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија14 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија15 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија15 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија16 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион17 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет18 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија18 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа19 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет19 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет19 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет20 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет20 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа20 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет2 дена

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...