Свет
Десет луѓе загинале во пресметка на банди во Кингстон
Десетина лица биле убиени во меѓусебна пресметка на јамајканските банди и во пресметката со полицијата која интервенирала во главниот град Кингстон
Као што пренесува Reuters, во квартот Тредегар парк по пукотниците од понеделник наутро, бил прогласен полициски час. Членови на локалната банда убиле осум луѓе меѓу кои и 11-годишно девојче. Потоа, при полциската итнервенција биле убиени уште двајца припадници на бандата.Жители на квартот рекле дека дваесеттина вооружени лица стрелале по домовите а неколку куќи биле запалени. Минатата година се случи масовно бегање на жителите од населбата Тредегар паркзаради судир на бандите, а во полициската интервенција беа уапсени стотина лица.Кон крајот на мај годинава јамајканските безбедносни неколку денови водеа буквално битки со вооружените припадници на бандата на еден од најопасните криминалци и трговци со дрога во светот Кристофер Кок познат како Дудус. Владата во Кингстон го уапси и требаше да го израчи на САД каде е обвиент за трговија со дрога и оружје. Кок во САД го очекуваа судење а доколку биде осуден спроед обвиненијата, ќе добие повеќедецениска затворска казна.Во овие борби во кои беа ангажирани и палтени убијци кои напааѓа врз приапдниците на полицијата, беа убиени околу 50 лица, а жариште на судирите е квартот Тиволи гарденс каде израснал легендта на реге музиката, Боб Марли.Кок ја црпи моќта од својата поврзаност со владејачката партија и е еден од локалните водачи. Платениците се всушност неговата приватна војска, која е формирана во 1970-ите кога Лабуристичката партија на која и е близок Кок, како и другите партии на Јамајка формираа свои паравојски за да си обезбедат добри резултати на изборите. Во меѓувреме бандите ја преземаат трговијата со дроги но и натаму остануваат лојални на партиите кои ги основаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинески астронаути заробени во вселената откако беа погодени од вселенски отпад
Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA).
Инцидентот се случил само неколку часа пред закажаното враќање на Земјата, што довело до одложување на мисијата Шенжоу-20. Засега не е познато колку е оштетена капсулата или кога екипажот ќе може да се врати.
Астронаутите кои престојуваат во Тјангонг од 24 април успешно ги предадоа должностите на новиот екипаж на Шенжоу-21, кој пристигна на 31 октомври. CMSA изјави дека во моментов се спроведува детална анализа на влијанието и проценка на ризикот за да се обезбеди безбедноста на сите шест астронаути на станицата.
Досега, кинеските власти не објавија никакви дополнителни информации за обемот на штетата или новиот датум на враќање.
Фото: принтскрин
Свет
ЕУ постигна договор за поврзување на Киев со Европскиот фонд за одбрана
Украина ќе биде поврзана со Европскиот фонд за одбрана – ова е вклучено во привремениот договор постигнат меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за мерки за стимулирање на инвестициите во одбраната во тековниот буџет на ЕУ со планот „Вооружете ја Европа“.
Одлуката ја нагласува континуираната посветеност на ЕУ кон безбедноста, отпорноста и постепената интеграција на Украина во европската одбранбена индустриска база.
За таа цел, двете институции се согласија да ја прошират финансиската поддршка на ЕУ во рамките на Хоризонт Европа за претпријатија со двојна намена и претпријатија поврзани со одбраната.
Договорот мора повторно да биде одобрен од Советот и Европскиот парламент пред официјално да стапи во сила.
Свет
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала, по серијата повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО во последните неколку месеци.
Системот „Меропс“ со седиште во САД, доволно мал за да се смести во задниот дел на пикап со средна големина, може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација кога сателитските и електронските комуникации се прекинати, објавува АП.
Покрај распоредувањето во Полска и Романија, „Меропс“ ќе го користи и Данска, изјавија воени претставници на НАТО, истакнувајќи дека одлуката е донесена како дел од напорите за зајакнување на одбраната на источниот дел на алијансата.
Целта е границата со Русија да биде толку полна со оружје што Русија дури и да не помисли на инвазија, од Норвешка на север до Турција на југ, изјавија претставници. Потребата за ваков вид технологија стана очигледна откако околу 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор на почетокот на септември.
Авиони од повеќе милиони долари мораа да одговорат на беспилотни летала вредни десетици илјади долари.
Подоцна, Романија се соочи и со упад на беспилотни летала, додека аеродромите во Копенхаген, Минхен, Берлин и Брисел беа привремено затворени поради беспилотни летала.
Беспилотни летала се забележани и во близина на воени бази во Белгија и Данска, според написите.
Фото: принтскрин

