Македонија
Боцевски стана нов член на ЛДП
Поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски по осум месеци од оставката повторно се враќа во политика, овој пат како член на ЛДП.
Поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски по осум месеци од оставката повторно се враќа во политика, овој пат како член на ЛДП.
„Јас секој ден потпишувам по неколку нови пристапници. Една од тие нови пристапници што ја потпишав изминативе денови беше и за Боцевски.
Секој оној што сака да се симне Владата на Груевски, но да не дозволиме да се врати онаа на Црвенковски може да се приклучи на ЛДП“, рече претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски.
Тој рече дека Боцевски со неговото искуство ќе биде ангажиран во партијата во делот каде што најмногу може да помогне, односно во јакнењето на тимот на ЛДП посветен на евроинтеграциите и јакнење на вкупните ресурси на државата за подготвено пречекување на преговорите.
Манасијевски додаде дека новите членови ги има од сите политички провиниенции и подвлече дека мотивацијата на сите овие луѓе е искрена.
„Разочараноста на луѓето од актуелната владејачка политика и непостоечката политика на опозицијата ги тера луѓето да бараат алтернативни политички решенија, што во моментов ги наоѓаат во ЛДП“, рече Манасијевски, додавајќи дека концепцијата на ЛДП е реална и дека заедно со новите членови ќе работат на нејзино реализирање.
За конфликтот кој неодамна беше меѓу Боцевски и ЛДП, Манасијевски не коментираше, рече дека тоа е само доказ дека луѓето бараат и ја ценат чесната политика, а таква во моментов според него нуди ЛДП./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

