Свет
ФБИ уапси жител на Калифорнија за смртни закани до конгресмен

Жител на американската сојузна држава Калифорнија, 32-годишниот Хаберман е уапсен во средата од агенти на ФБИ за смртни закани против конгресменот од Републиканската партија Џим Мекдермот, јави во четвртокот Associated Press
Според агенцијата, на 9. и 10. декември 2010 г., Чарс Тарнер Хаберман неколкупати се јавил во канцеларијата на конгресменот Џим Мекдермот и оставил две пораки во траење од околу четири минути, во кои се заканува дека ќе го убие конгресменот, неговото семејство и пријателите, поради тоа што тој се спротивставил на воведувањето даночни олеснувања за богатите американски граѓани. Според американското федерално биро ФБИ, Хаберман и претходно испраќал закани до други официјални претставници. Попладнето во средата, по локално време, тој мора да се појави пред Окружниот суд во Риверсајд, каде ќе биде обвинет за закана за федерален службеник, според која се соочува со десет-годишна затворска казна.Минатата сабота во градот Тусон, сојузната држава Аризона, за време на средбата со гласачите беше извршен атентат врз конгресменката од Демократската партија, Габриеле Џифордс. Таа беше застрелана во главата, а вооружениот напаѓач 22-годишниот Џаред Лофнер уби шест луѓе, меѓу кои еден федерален судија и 9-годишно девојче, а повеќе од десет лица рани. Според истрагат, обвинетиот имал конкретна намера да ја убие Џифордс. Американскиот јавен обвинител Ерик Холдер го нарече инцидентот „неискажлива трагедија“ кој е еден од најдрските атентати последниве децении, истакнувајќи дека закани по безбедноста на американските политичари се’ уште има. Веднаш по нападот на Џифордс, полицијата Капитиолија – тајната служба задолжена за безбедноста на членовите на Конгресот – предупреди на потребата да се преземат дополнителни безбедносни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.