Македонија
Во Лажец ќе се гради џамија
Владата ќе го враќа соживотот во битолско Лажец, со изградба на џамијата, која пред неколку години беше причина за нарушените односи во ова село меѓу Албанците и Македонците
од Оливера Михајловска, ТВ Тера БитолаТогашната иницијатива, џамија да се гради врз темелите на некогашната, ги подели жителите на Албанци и Македонци, кои до тој момент живееле без предрасуди. На средба меѓу Владата, општина Битола, ИВЗ и Преспанско-Пелагониската епархија се одлучи, на 10 мај, в понеделник, да излезат на терен, за да се види што е проблемот и како да се реши.„Се излезе на лице место се утврди локацијата, да се утврди зошто за некој е спорна и дали е спорна веќе постоечката.“- вели Плуми Велиу ИВЗ. ИВЗ со забелешка што на средбата присуствувале претставници од Лажец и тоа само Македонци.„Но сево ова ќе биде официјално откако ќе го видиме камен темелникот.“- вели Плуми Велиу ИВЗ.Албанците од Лажец се радуваат на одлуката, но не биле доволно информирани, го чекаат понеделник.„Не знам што ќе одберат, понеделник ќе се види, не радува секако и ние да имаме верски објект.“ вели Лирим Рушидовски.Би им пречело ако локација за градба се избере кај муслиманските гробишта. „Тоа не е прифатливо зошто тие се многу далеку можеби има еден километар и се знае според муслиманските принципи дека секаде џамиите се сред село.“- вели Лирим Рушидовски.Џамија сред село, пак, не е прифатлива за македонското население, за што и почнаа несогласувањата.„Сега засега несогласувањето е поради локацијата, а не поради изградба на џамија. Џамија треба да има но ако некој без наша согласност ја одреди локацијата и ја направи градбата тука ќе настане навистина проблем.“- вели Орце Рандушевски.И Албанците и Македонците, сметаат дека доволно биле политички превирања во Лажец.„Проблемот го направија политичките партии за 50 гласа кај Албанците и осумдесет кај Македонците ветија нешто невозможно и така настана проблемот“, вели РандушевскиИ двете страни сметаат дека соживотот оди во нагорна линија и дека решение треба да си најдат интерно, без надворешни влијанија.„Не ни треба ни ИВЗ ни МПЦ ние треба да си го решиме проблемот никој не ни треба.“, заклучи Рандушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

