Свет
Ексгувернерот Љубе Трпески на листата на жигосаните
САД објавија листа на скандалозни корупциски процеси кои се заглавени во судските лавиринти
САД објавија листа на скандалозни корупциски процеси кои се заглавени во судските лавиринти
Рекордер во одолжување е судскиот процес околу продажбата на “Нова Македонија”
Слободанка Јовановска
Американската амбасада ја објави вчера листата на најскандалозните судски случаи во Македонија за кои сў уште нема завршница, не давајќи Ј епитет на црна листа, туку на корупциска листа од висок профил. На неа се набројани десет такви случаи што ја разбрануваа јавноста, при што рекордер во одолжување и прв на неа е судскиот процес против обвинетите околу аферата со продажбата на “Нова Македонијааи, кој трае веќе 28 месеци. На листата, покрај Никола Тасев, Душко Аврамски и Бесник Фетаи, тројцата обвинети околу “Нова Македонијааи, се наоѓаат и Љубе Трпески, Војо Михајловски, Драган Даравелски, Амди Бајрам, Илко Георгиев, Мирче Ѓорѓовски, Ламбе Арнаудов, Борче Сибиновски, Методија Смиленски, Љубомир Поповски и едно непознато име за јавноста во Македонија, Ларс Клинк.
Во краткото објаснување околу листата, насловена како табела, се нагласува дека таа не прејудицира никаква вина на обвинетите што се спомнуваат, дека не е исцрпена (најавени се можни дополнувања и измени) и, што е најважно, дека не е критичка спрема јавните обвинители, адвокатите на одбраната или судиите, односно дека нема цел да ги жигоса нив, иако се појавуваат четири имиња на судии, а другите се изоставени со образложение дека нема достапни податоци за нив. Судиите што осамнаа на листата на американската амбасада се Шазивар Исени, Гордана Спирковска, Снежана Бајлозова и Стојан Михов од Штип.
Најспектакуларно од сите наведени е името на ексгувернерот Љубе Трпески, иако неговиот процес е на дното на листата – со само 10 месеци чекање за да заврши истрагата. Љубе Трпески, заедно со Методија Смиленски се обвинети поради злоупотребите и режираниот банкрот на Експорт-импорт банка, при што вториов не е достапен за македонските власти, бидејќи веќе 19 месеци се крие во странство, заштитен со австриско државјанство. Ексдиректорот на Фондот за здравство, Војо Михајловски, според листата, чека на разврска дури 26 месеци, а најавата е дека судењето, конечно, ќе почне во текот на овој месец. Неговиот предмет беше две години кај истражните судии во Основниот суд Скопје1 , а се развлече поради долгото комплетирање на доказите, бидејќИ, наводно, бил многу обемен и требало да се истражат сите медицински центри во Македонија.
Мирче Ѓорѓовски, како еден од обвинетите во ,,случајот Катастарри, беше ослободен по 27 месеци развлекување на процесот, но Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење веќе во текот на овој месец. Амди Бајрам и Илко Георгиев се обвинети за проневери во штипска “Македонкааи и наскоро треба да заминат на отслужување четири и четири и пол години затворска казна. Тоа не му пречеше на Амди Бајрам да се кандидира за функција на локалните избори, со оглед на тоа дека поднесе жалба на пресудата до Апелациониот суд. Случајот против поранешниот директор на ЕСМ, Ламбе Арнаудовски, е меѓу оние што се пролонгираат премногу долго од необјасниви и апсурдни причини, а во моментов судскиот процес е одложен за непознат термин, иако поминаа дури 16 месеци од стартот. Меѓу рекордерите со 22 месеци развлекување е процесот против Борче Сибиновски, кој сў уште не е комплетиран, а се однесува на проневерите во работењето на тетовската фабрика “Медицинска пластикааи. Директорот Сибиновски, како главен осомничен, извесен период помина во притвор, а потоа е пуштен на слобода, додека предметот од април 2003 година не мрда од почетната точка.
Драган Даравелски е веројатно најскандалозниот гаф на македонското судство, бидејќи никој не може да каже кога ќе се најде и каде на обвинителна клупа, откако избега од земјата и набрзина се здоби со југословенско државјанство. Тој е обвинет за многубројни проневери преку Македонската царина и стана синоним за корупција во власта, но веќе 21 месец е на слобода. Љубомир Поповски, најверојатно, ќе ја добие судската пресуда за две недели, но поради правото на жалба и неговиот судски процес може да се одолжи повеќе од една година.
Рекордерите по бегање на правдата, Бесник Фетаи, Никола Тасев и Душко Аврамски се обвинети поради злоупотребите околу продажбата на “Нова Македонијааи, а последен пат тие биле сослушани во февруари годинава. Судењето се развлече поради разни технички причини, меѓу кои седум месеци се чекаше нов судија, па преведувач од албански јазик и слично.
На јавноста Ј е непознат само случајот со Ларс Клинк, сопственик на казиното “Аполонијааи во хотелот “Југоои во Гевгелија, кој е обвинет за обид да пренесе преку граница 150.000 евра и за затајување данок, но 16 месеци нема резултат од тоа, и сега е на слобода со платена кауција. Зошто токму тој се најде на листата со ексгувернер, пратеници, крупни банкари и луѓе од влијателни функции не е јасно, а единствено објаснување е веројатно дека станува збор за потплатување или нешто слично.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мелони: Не би поддржала американски напад врз Гренланд, но тие мора да бидат таму
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денеска изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави ќе употребат воена сила за анексија на Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал тешки последици за НАТО.
На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека постои потреба од „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и на Гренланд.
„И понатаму не верувам во хипотезата дека Соединетите Американски Држави би покренале воена акција за да ја преземат контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржала“, рече Мелони.
„Тоа не би било ни во интерес на САД“
„Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Мислам дека тоа не би било ни во интерес на Соединетите Американски Држави, да бидам јасна“, додаде италијанската премиерка.
Операцијата на американската војска во која беше соборен лидерот на Венецуела повторно ја поттикна загриженоста околу американските намери кон Гренланд. Белата куќа во вторникот соопшти дека САД разгледуваат повеќе опции за преземање на Гренланд, меѓу кои и употреба на воена сила.
„На сите им е јасно дека тоа значително би влијаело врз НАТО“
Мелони, која важи за една од најблиските европски сојузнички на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека „на сите им е јасно“ оти секој американски потег поврзан со Гренланд би имал значително влијание врз НАТО. Таа додаде дека токму тоа е причината зошто не верува дека Вашингтон ќе ги реализира своите закани.
Сепак, истакна дека е важно НАТО да го засили своето присуство во арктичкиот регион, како и да ја разбере загриженоста на САД околу потребата од спречување на „прекумерно мешање на други актери кои би можеле да бидат и непријателски расположени“.
Свет
Писмо од Трамп до Орбан: поддршка пред изборите во Унгарија
Американскиот претседател Доналд Трамп му посакал многу среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, во писмо што Орбан го објави на својата „Фејсбук“ страница.
Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа на 7 ноември, каде што Трамп му одобрил на Орбан едногодишно изземање од американските санкции за руската енергија, со што бил спречен пораст на цените што сериозно би го погодил унгарското стопанство, изјави Орбан.
Во своето писмо, Трамп наведува дека храброто водство на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додава дека со нетрпение очекува продлабочување на соработката во областа на одбраната, енергетиката и илегалните миграции.
„Отсекогаш цврсто ги браневте принципите што ја прават Унгарија толку извонредно место – верата, семејството и суверенитетот“, напишал Трамп во писмото од 10 декември.
Свет
Половина Киев без греење по тешкиот напад; Кличко: Ако можете, напуштете го градот
Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000, моментално се без греење откако клучната инфраструктура на главниот град беше тешко оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, пишува Украинска Правда.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок досега за клучните инфраструктурни објекти на главниот град.
„Комуналните служби ги поврзаа социјалните објекти – особено болниците и породилиштата – на мобилни котларници. Заедно со енергетичарите работат на враќање на струјата и греењето во домовите на жителите на Киев“, рече Кличко.
In Kyiv and the region, the aftermath of the massive Russian strike is still being dealt with. All necessary services are deployed. Twenty residential buildings alone were damaged. Recovery operations after the strikes also continue in the Lviv region and other regions of our… pic.twitter.com/AMkwfKHOkC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 9, 2026
„Градските служби работат во вонредни услови. За жал, за наредните денови се прогнозираат тешки временски услови“, додаде градоначалникот, упатувајќи апел до граѓаните.
„Исто така апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат градот и да заминат некаде каде што постојат алтернативни извори на струја и топлина, да го сторат тоа“, заклучи Кличко.
Нападот започнал во вечерните часови на 8 јануари, кога во Киев се слушнале експлозии предизвикани од руски напади со дронови. Во населбата Десњански, беспилотно летало погодило покрив на станбена зграда.
Потврдено е дека во рускиот напад врз Киев загинале четири лица. Поради оштетување на надземната мрежа и прекините во снабдувањето со електрична енергија во Киевската област, регистрирани се и доцнења во сообраќајот на дел од патничките возови. До утрото на 9 јануари, повеќе од 500.000 потрошувачи во градот Киев и околната област останале без електрична енергија.

