Надворешна политика
Попоски: Или ќе го решиме проблемот со контрола на границите или тој ќе не реши нас
Европа не е подготвена да има уште една година како минатата, политичкиот притисок е сериозен и кај земјите на прием на мигранти, но и во тие по патот, изјави во вторникот министерот за надворешни работи Никола Попоски на вториот неформален министерски состанок на ПСЈИЕ во Софија.
Европа не е подготвена да има уште една година како минатата, политичкиот притисок е сериозен и кај земјите на прием на мигранти, но и во тие по патот, изјави во вторникот министерот за надворешни работи Никола Попоски на вториот неформален министерски состанок на ПСЈИЕ во Софија.
„Има одлучност да се стават во функција сите средства за да се контролираат мигрантските текови, со прием и регистрирање на основаните баратели на азил, но и спречување на нелегалната миграција. Грција и Македонија се на ударната линија во овие напори. Од тоа како ќе се справуваме, ќе знаеме уште во првиот квартал од 2016-та каква ќе биде годината. Ќе знаеме и кој ќе биде трендот“, изјави Попоски.
На министерскиот состанок под бугарско претседателство беше истакната поддршка за македонските напори за справување со кризата. Воедно земјите во регионот изнесоа еден глас за потребата од тесна соработка.
„Чувме многу конкретни и мудри предлози за помош на Македонија во луѓе, опрема и финансии од земји во регионот. Сето ова е во насока на помагање на нашите напори за контрола на границата и обезбедување сигурен и хуман транзит на основани баратели на азил во ЕУ. Се чини дека се размислува во вистински правец“, заклучи Попоски.
На ПСЈИЕ министерскиот состанок се говореше и за евроинтеграциите и важноста за земјите членки на ЕУ од регионот да бидат мотор на регионалните интеграции, особено во услови на бројни предизвици и закани за европскиот проект.
Според Попоски, за Македонија најважно е тие што ни се најблиски да ни дадат најсилна поддршка кон ЕУ и НАТО.
„Без нив не е само тешко туку речиси невозможно . Затоа ќе работиме со нашите соседи на зближување без разлика колку брзо ќе се движи ЕУ и НАТО планот за интегрирање на останатите земји од балканот. Тоа ни е најдобра можност“, подвлече тој.
Во рамки на состанокот се усвои и заедничка декларација за предизвиците од миграциите на која земјите-членки на ПСЈИЕ се согласија на заеднички пристап во справувањето со овој предизвик. На маргините на состанокот, Попоски оствари и билатерални средби со неговите колеги, бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов и романскиот министер за надворешни работи Лазар Команеску./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.