Спорт
Во Фулам интересно се охрабруваат фудбалерите

Дефанзивецот на Фулам, Џон Пантсил, вели дека менаџерот Рој Хоџсон му дал бонус од 10.000 фунти за добро одработената задача во дуелите со Кристијано Роналдо.
Весникот 90 Minutes го цитира бекот од Гана како вели дека добил задача од менаџерот да не ја напушта половината на Фулан при посетата на шампионот Мачестер Јунајтед на Кревин Котиџ минатиот месец.28-годишниот Пантсил доби пофални зборови за начинот на кој помогна неговата екипа да победи со 2-0, а најдобриот играч на Јунајтед, Кристијано Роналдо, се мачеше на тој натпревар.Според 90 Minutes, Пантсли рекол: „Паметам како фановите ми велеа да се преселам во нападот и беа изненадени од тоа што постојано бев на нашата половина. Но, јас одбив и тоа на крајот се исплатеше. Роналдо не можеше да постигне погодок, ние победивме и мојот тренер ми даде 10.000 фунти за добро извршената работа. Тренерот имаше голема доверба во мене и веруваше во моите способности и јас добив задача да го спречам Роналдо од правење проблеми. Добив специфични упатства да не го поминува центарот освен во екстремни случаи. Доколку морав, требаше да побарам некој од средниот ред да ме покрие.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025
Спорт
Македонија назадуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.
Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…
На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.
На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а а Холандија е шеста, пред Бразил.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија