Свет
Нетанјаху нема да се сретне со Обама при посетата на САД
Белата куќа демантираше дека американскиот претседател Барак Обама го одбил состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при неговата посета на САД, но објави дека средба сепак нема да има поради спротивните распореди на двајцата државници.
Во односните меѓу Израел и САД се јавија тензии во врска со иранската нуклеарна програма, а еден израелски фунцкионер во вторникот изјави дека помошниците на премиерот Бенјамин Нетанјаху побарале состанок со американскиот претседател Барак Обама за време на престојот на израелскиот челник на САД, кој ќе допатува во Њујорк поради Генералното собрание на обединиетите нации кон крајот на септември, но дека Белата куќа ја одбила средбата.
Од Белата куќа велат дека во прашање се само различните распореди на обврските. Обама ќе одржи говор на Генералното собрание на 25-ти септември, а Нетанјаху на 28-ми септември.
„Тие едноставно не се во градот во исто време“, изјави портпаролот на Белата куќа, Томи Виетор. Тој додаде дека Обама и Нетанјаху се во „чест контакт“, како и дека израелскиот премиер при посетата на САД ќе се сретне со државната секретарка Хилари Клинтон.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот на прес-конференција во Ерусалим изјави дека Вашингтон го загубил моралното право да го спречува Израел во преземањето мерки против иранската нуклеарна програма, бидејќи одбил да заземе поцврсти ставови кон Техеран.
Нетанјаху се нафрли врз американската администрација затоа што го одби неговото барање на Иран да му се одредат конкретни рокови коишто мора да ги испочитува.
„Светот на Израел му порачува – Застанете, има уште време. А јас прашувам: Што да чекаме? До кога да чекаме?“, рече меѓудругото Нетанјаху во изјавата по којашто можниот израелски напад врз Иран се чини пореален.
Интернет изданието на влијателниот израелски дневен весник Haaretz оценува дека Нетанјаху „ја нападнал американската влада на начин без преседан“.
Нетанјаху во Израел се соочува со голем отпор на неговата идеја Израел сам да го нападне Иран, а испитувањата на јавното мнение покажуваат дека повеќето Израелци не сакаат нивната амрија да го нападне Иран без поддршка од САД./крај/ро/сн„
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Филмски напад во Италија: разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на пари
Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на готовина се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, објавува „Раи њуз“.
Во брза операција на полицијата во Лече се уапсени две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш започнаа потрага. Истрагата е во полн ек бидејќи се бараат и други членови на групата.
Un furgone portavalori è stato assaltato sulla statale 613, la superstrada che collega Lecce a Brindisi, all’altezza di Tuturano. Secondo le prime informazioni, ci sarebbe stato un conflitto a fuoco con i Carabinieri, ma non risultano feriti. Le immagini mostrano il momento in… pic.twitter.com/CcuqIu5kaf
— La Sicilia (@lasiciliait) February 9, 2026
Според написите, напаѓачите дигнале во воздух две возила за транспорт на готовина, објавува „Раи њуз“.
За да го нападнат, разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.
По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сообраќај во двата правци. Според компанијата Анас, одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делница од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на Анас и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.
Свет
Макрон: Случајот Епстин ги засега САД, американското судство нека си ја врши работата
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека американското судство треба да си ја врши работата во истрагата на аферата поврзана со американскиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
За време на посетата на Саемот за вино во Париз, Макрон изјави дека случајот Епстин „првенствено ги засега Соединетите Американски Држави“, пренесува „Фигаро“.
„Во тој случај, тамошното судство треба да си ја врши работата, и тоа е сè“, рече Макрон.
Во врска со поранешниот француски министер за култура Жак Ланг, кој е под истрага за неговите врски со Епстин и кој под притисок поднесе оставка од функцијата директор на Институтот за арапскиот свет, Макрон рече дека Ланг „донел одлука според својата совест“, пренесува Танјуг.
Регион
Хашим Тачи се соочува со 45 години затвор, обвинет е за убиства и тортура
Меѓународните обвинители за воени злосторства денес изјавија дека поранешниот косовски претседател Хашим Тачи ги контролирал етничките албански герилци и дека треба да биде прогласен за виновен за воени злосторства и да биде осуден на 45 години затвор.
Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 година, кое на крајот донесе независност на регионот со мнозинско албанско население од Србија.
„Обвинетите извршија злосторства против своите противници за да ја преземат контролата врз Косово“, изјави обвинителката Кимберли Вест пред судот во Хаг. Таа додаде дека во 1998 и 1999 година, повеќе од 100 политички противници и наводни соработници на српските безбедносни сили биле убиени, а стотици биле злоупотребени во околу педесет логори под администрација на ОВК.
„Овој случај е за целта на четворицата обвинети да добијат и да остварат контрола врз целото Косово“, рече Вест кон крајот на речиси тригодишното судење во Специјалниот трибунал за воени злосторства за Косово со седиште во Хаг.
Тачи, кој беше премиер, министер за надворешни работи и претседател на независно Косово помеѓу 2008 и 2020 година, и другите обвинети ги негираат сите обвиненија. Адвокатите на Тачи, кои се очекува да дадат завршни зборови во среда, претходно тврдеа дека 57-годишниот Тачи немал вистинска власт над ОВК и нејзините воени команданти за време и по востанието.
Обвинителите тврдат дека Тачи и другите водачи на ОВК воделе насилна кампања против политичките противници, како и малцинските етнички Срби и Роми, со цел да преземат целосна контрола врз Косово.
Специјализираниот суд за Косово, во кој работат меѓународни судии и адвокати, беше основан во 2015 година за да се занимава со случаи на воени злосторства според косовскиот закон против поранешни герилци на ОВК. Многу Косовари веруваат дека судот е пристрасен и ги сметаат командантите на Ослободителната војска на Косово за херои кои го ослободија Косово од репресивната српска влада.
фото/ЕПА

