Свет
Бучковски ги потврди даночните пирамиди
Премиерот од Кавадарци упати закана до даночните затајувачи. Мвр треба да обезбеди докази
Чесните бизнисмени можат мирно да спијат, порачува премиерот
Премиерот од Кавадарци упати закана до даночните затајувачи. Мвр треба да обезбеди докази
Чесните бизнисмени можат мирно да спијат, порачува премиерот
Чесните бизнисмени можат мирно да спијат. Тие не треба од ништо да се плашат и можат слободно да продолжат да работат како и досега. За разлика од нив, нека му ја мислат даночните затајувачи на кои веќе им влеговме во трагата и кои ќе бидат казнети за овој организиран криминал. Вака може да се парафразира пораката што вчера ја упати премиерот Владо Бучковски до македонската јавност во врска со најновиот мегаданочен скандал од кој, како што изјави, државата на годишно ниво губи по стотина милиони евра. Со ова премиерот вчера целосно застана зад својот соработник, министерот за финансии, Никола Поповски, кој неодамна објави дека во земјава владее разработена даночна пирамида во која се вмешани 50-ина компании. Според Бучковски, веќе вчера требаше да дадат плод акциите што ги презема Министерството за внатрешни работи во обезбедувањето докази против главните актери во даночната афера.
“Со оглед што не сакаме исправајќи една неправда да направиме поголема неправда и да го рушиме реномето на дел од компаниите, би им порачал само едно – знаат дека најмалку 50 компании во Република Македонија од денес па натаму нема мирно да спијат. Оние кои чесно си работат не треба да се грижат. Но, оние што ја користеле даночната евазија како дополнителен извор на средства ќе бидат казнети од државата°, категоричен е Бучковски. Премиерот нагласи дека иако овој даночен криминал има фатено длабоки корени, тој верува дека макотрпната работа на сите државни институции во нивното разоткривање на крајот, сепак, ќе се исплати и оваа појава ќе биде спречена. “Не случајно го најави тоа и министерот за финансии, Никола Поповски. По тримесечна макотрпна работа на повеќе владини институции, пред сў на Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и МВР, конечно, успеавме да Ј влеземе во трагата и да се обидеме да ја срушиме даночната пирамида, за која бевме свесни дека функционира во Македонија. Даночната пирамида која има фатено корени во нашата држава во периодот што претстои ќе се обидеме да ја срушиме. За тоа ќе ни биде потребно и трпение, но и добра координација со Обвинителството. Во овој момент спомнувањето само на тоа дека сме зад нив и дека им дишеме во вратот нема да биде доволно. Веќе утрово дел од акциите што ги презема МВР веруваме дека дадоа плод и дека многу брзо ќе бидеме посигурни оти она што го имаме како основано сомневање ќе биде прифатено од Обвинителството, односно дека овој софистициран облик на организиран криминал ќе се обидеме да го спречиме. Колку ќе бидеме успешни ќе видиме наскоро. Јас сум оптимист дека ќе мора да продолжиме, бидејќи на овој начин стотици милиони евра на годишно ниво се одлеваат од државната каса°, нагласи премиерот Бучковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

