Свет
Жителите на Хаити емигрираат на соседните острови

Повеќе од 100 емигранти од Хаити се задржани во близина na соседните острови, кои се под надлежност на Велика Британија.
Повеќе од 100 емигранти од Хаити се задржани во близина na соседните острови, кои се под надлежност на Велика Британија.
Властите на островите соопштија дека нема да ги екстрадираат емигрантите, доколку условите за живот во Хаити не се подобрат.
Тие стравуваат дека во скоро време бројот на емигрантите од Хаити може да се зголеми.
Најмалку 170 илјади жителите на Хаити пак 18 дена по земјотресот се исправени пред нова смртоносна закана.ОН соопшти дека во последните три дена е регистрирано зголемување на бројот на заболени од дијареа, морбили и тетанус.
Во моментов околу милион луѓе се без дом и страдаат за храна вода и лекарства. /крај/фок/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пакистанска армија: Соборивме пет индиски авиони и дрон

Пакистански безбедносни извори тврдат дека собориле пет борбени авиони на индиските воздухопловни сили и едно беспилотно летало за време на индискиот напад, објавија дописниците на Си-ен-ен Софија Саифи и Ник Робертсон во Исламабад.
Според соопштението доставено до новинарите, три француски авиони „Рафал“, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало „Херон“, биле соборени во одбранбената акција.
Истата информација ја потврди и друг висок функционер на пакистанската влада.
Во извештајот не се наведува точната локација или начинот на кој авионите биле соборени. Претходно вечерта, пакистанските власти тврдеа дека собориле три авиони и едно беспилотно летало.
Си-ен-ен не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења и ја контактираше индиската влада за коментар.
Постојат и други непотврдени извештаи за поголема штета нанесена од пакистанските сили, и копнени и воздушни, врз индиските сили.
Свет
(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена операција „Синдур“, погодувајќи девет локации во Пакистан и Кашмир, управуван од Пакистан, тврдејќи дека целите биле „терористичка инфраструктура“ поврзана со масакрот во Пахалгам во април, каде што беа убиени 26 лица, претежно индиски туристи.
We want more.
Visuals from Pakistan Occupied Kashmir which will be soon ours. pic.twitter.com/12fUbyFsLS
— Squint Neon (@TheSquind) May 6, 2025
Пакистан ја обвини Индија за „неиспровоциран и отворен чин на војна“. Според нив, погодени се цивилни области во Муридке и Ахмадпур (во пакистанската покраина Пенџаб), како и во Музафарабад, Котли и Баг на територијата на пакистански Кашмир.
Пакистанската армија објави дека најмалку седум лица се убиени во индиските напади, вклучувајќи две деца, а дека цел на нападите биле и џамиите.
BREAKING: India has just attacked Pakistan, firing missiles at 9 sites, both in Pakistan and Kashmir, in what they call Operation Sindoor.
– Pakistan says they will respond.
– Flights have been diverted inside of Pakistan.
The World certainly doesn’t seem more peaceful in the… pic.twitter.com/ogtHesNhGR
— Brian Krassenstein (@krassenstein) May 6, 2025
Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, ја обвини Индија за „лажно тврдење дека ги таргетирала терористички кампови“, кога, според него, целите биле цивили.
So, India has officially launched an attack on Pakistan…
And both of them have access to nukes.
pic.twitter.com/OvaeLaOJPy— Jack (@jackunheard) May 6, 2025
Пакистан најави одговор „во време и на место што самиот ќе го избере“, а премиерот Шехбаз Шариф рече дека е во тек решителен одговор. Според пакистанската војска, два индиски борбени авиони биле соборени, но ова не е независно потврдено. Пријавен е и пожар од правец на Пакистан, на границата со Индија.
Во исто време, индиската армија објави на Икс: „Правдата е задоволена“.
1 of India’s 9 airstrikes on Pakistan tonight.
Pakistan says it will retaliate shortly.
What a mess.
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) May 6, 2025
На социјалните мрежи се појавија снимки, на кои наводно се гледа индиски напад врз Пакистан.
Свет
Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади.
„Подмолниот непријател изврши кукавички напад на пет локации во Пакистан. Овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет“, рече Шариф.
Тој додаде дека Пакистан има апсолутно право решително да одговори на овој неиспровоциран напад и дека „решителен одговор веќе е во тек“.
„Целата нација стои зад своите вооружени сили. Нашиот морал и решителност се непоколебливи. Мислите и молитвите се со нашите храбри офицери и војници“, рече Шариф.
Тој заклучи дека „народот и армијата на Пакистан се целосно подготвени да се соочат со секоја закана“ и дека на непријателот нема да му биде дозволено да ги постигне своите злонамерни цели.