Македонија
Груевски преку новогодишна честитика ја повикува опозицијата да се врати во Парламентот и да учествува на избори
Европската должничка криза и справувањето на Македонија со неа, роуд шоута за привлекување на странски инвестиции, инцидентот во Собранието, како и петкратноубиство кај Смилковското езеро, се дел од новогодишното обраќање на премиерот Никола Груевски.
Тој ја повика опозицијата да се врати во парламентот и да учествува на следните локални избори во своето новогодишно обраќање до граѓаните.
„За среќа иако со последици за угледот на државата, Македонија не дозволи рушење на долго градената демократија и легитимно избраната власт на слободни и фер избори, ниту пак блокирање на земјата и штети врз граѓаните со неизгласување на буџетот. Носителите на овој недемократски чин имаат шанса да повратат дел од загубениот углед на земјата ако набрзо се вратат во Парламентот и учествуваат на следните локални избори, кои мора и ќе бидат како и претходните фер, слободни и демократски“ вели Груевски.
Во своето обраќање, Груевски го споменува извештајот на Европската Комисија, кој според него, бил досега најпозитивниот извештај иако Македонија не доби датум за почеток на преговорите.
Зборува за европската должничка криза која ја погоди и земјава, која беше ублажувана со антикризни мерки.
„Фактот дека еврозоната се наоѓа во рецесија, и дека поголем дел од аналитичарите веруваат дека кризата во Европа ќе потрае во наредните 4 до 5 години, се дополнително загрижувачки, но и притисок врз нас во Владата да размислуваме за нови чекори со кои ќе му помагаме на стопанството. Сепак и во такви услови успеавме не само да спречиме нов раст на невработеноста, туку и истата благо да се намали, што е редок феномен во услови на криза. Нашите напори да привлечеме капитал од странство оваа година беа повеќекратно поголеми отколку во минатото. Направивме посета на голем број компании и богати инвеститори, на бизнис презентации, роуд шоуа и претставувања на економските потенцијали на земјата, не само низ Европа, туку многу пошироко низ светот. Иако, резултатите од ваквите обиди обично доаѓаат по две, три години овој пат дел од нив почнаа да пристигнуваат и порано“ вели Груевски.
Тој го споменува и задоцнетото враќање на ДДВ на фирмите, кое владата вети дека ќе го врати до крајот на февруари.
Ги споменува најранливите категории, децата без родители кои добија закон за обезбедување на вработување, социјалците и пензионерите кои добија покачување, лицата со инвалидитет.Со воведувањето на плаќање по учинок на лекарите, според Груевски, се очекува да се подобри односот пациент лекар.
„Сега кога платата на лекарите барем во мал дел ќе зависи од пациентите, и кога оние кои совесно, професионално и одговорно работат ќе добијат и парична награда, а оние кои потфрлиле ќе добијат мотивација да бидат подобри, очекуваме односот кон пациентот во болниците и клиниките да стане поблизок на односот во примарното здравство. Како што ветивме од јануари 2013-та стапува на сила и мерката со која секој месец 100-те најуспешни лекари во болниците и клиниките ќе земаат дупла плата. Според очекувањата, кај дел од лекарите овие мерки наидоа на негодување и штрајк, од кој ќе се излезе со спогодба која не ја дерогира смислата на оваа најзначајна реформа во здравството. Промени од ваков тип следната 2013-та година ќе има и во други државни сектори.“ вели Груевски.
Премиерот во своето обраќање не го споменува проектот „Скопје 2012“, туку градбата на последното парче од автопатот Александар Македонски, помеѓу Демир Капија и Смоквица, во вредност од над 200 милиони евра.
„Се изградија огромен број локални и повеќе регионални патишта. Работиме следната година да се обезбеди финансиска конструкција за изградба на други автопати и особено сме фокусирани на автопатот од Скопје кон Штип и од Скопје кон Охрид и албанската граница. Продолжуваме со градба во 2013-та и на многу нови локални и регионални патишта во Македонија, а ги направивме и најголем дел од подготовките да следната пролет започне градбата на гасоводот и на железницата кон Бугарија“ вели Груевски.
На крајот премиерот истакнува дека членството во ЕУ и НАТО останува наш предизвик, исто како и борбата за зачувување на нашето национално достоинство и идентитет.
„Изразувајќи Ви благодарност за Вашата доверба, Ви ја честитам новата 2013-та година, со желби за добро здравје, повеќе љубов и разбирање, спокојство, мир, просперитет и личен успех на секој од Вас и вашите семејства. Нека е среќна и бериќетна Новата 2013-та година!“ порачува Груевски./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

