Свет
Русија:Сменети 14 обвинители во аферата со казината
Руските власти смениле 14 обвинители осомничени дека прикривале активности на мрежа нелегални казина кои месечно носеле заработка меѓу пет и десет милиони долари, соопшти денеска московскиот главен обвинител Александар Аникин.
Руските власти смениле 14 обвинители осомничени дека прикривале активности на мрежа нелегални казина кои месечно носеле заработка меѓу пет и десет милиони долари, соопшти денеска московскиот главен обвинител Александар Аникин.Полицијата пролетоска откри мрежа на нелегални казина во петнаесетина градови на московскиот округ. Тогаш беа уапсени десетина високи раководители во обвинителството и полицијата, а меѓу нив и државниот обвинител, пренесува Риа Новости.Помошник државнит обвинител кој побегна од Русија овој месец е уапсен во Полска и моментално чека одлука за негова екстрадиција.Нелегалните казина непречено работеле три години заради заштитата во обвинителството и полицијата. Казината во 2009 година се забранети во Русија, а новиот закон одобрува нивно работење само во четири региони, многу одалечени од Москва.Во Москва пред две недели беше убиен висок функционер на државното обвинителство, генералот генадиј Никофоров, кој беше шеф на службата за внатрешна контрола. Генералот, кој ја водеше истрагата за корумпирани обвинители во казината, го прегази камион кога во една московска улица преминуваше преку пешачки премин.Полицијата и правосудството се меѓу најкорумпираните области во Русија, што го признаваат и самите руски власти.Рускиот претседател Дмитриј Медведев на почетокот на своето владеење најави дека борбата против корупцијата ќе му биде еден од приоритетите, но сега и самиот признава дека на тоа поле забележал неуспех. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.

