Свет
Заминувањето на Гадафи ја отежнува борбата со тероризмот
Заминувањето од власт на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи може краткорочно да ја отежни борбата на САД со тероризмот, оценува поранешниот директор на CIA, Мајкл Хајден кој смета дека Гадафи бил добар партнер
Директорот на американската Централна раљзузнавачка агенција (CIA) во периодот од 2006 до 2009 г., Мајкл Хајден, на конференција рекол дека Агенцијата добро соработувала со Моамер ел-Гадафи и со неговиот поранешен министер за надворешни работи Муса Куга кој пребегна во Велика Британија по избувнувањето на вооружениот бунт против режимот на почетокот од април.„Што и да мислите за Гадафи и Муса Куса, беа добри и беа добри партнери во борбата со тероризмот“, изјавил Хајден.И сирискиот претседател Башар ал-Асад бил „многу добар“ во борбата со сунитските екстремисти, но ги поддржува радикалните шиити, озценил Хајден. Во Сирија, која е блиска на Техеран, траат исто така протести кои власта немилосрдно ги задушува.Случувањата во Либија и во Сирија „значително ќе ја отежнат борбата со тероризмот во блиската иднина“, иако, како што пренесува AFP, Хајден смета дека бранот протести во арапскиот свет долгорочно може да биде и позитивен за САД поради тоа што Ал Каеда потешко ќе регрутира нови следбеници,Пред две седмици беше емитувана видео снимка на која вториот човек на терористичката Ал Каеда, Ајман ал–Завахири, ги повикува сите муслимански земји да се борат против САД и НАТО доколку нивните сили ја нападнат Либија. Ал-Завахири, на снимката направена пред почетокот на бомбардирањето на Либија ги повикува муслиманските земји да се борат и против либиската војска лојална на Моамер ел-Гадафи. Тој потенцира дека особено Египет, Алжир и Тунис треба да се кренат и борат против платениците на Гадафи.Инаку и претходноглобалната терористичка мрежа Ал Каеда се огласуваше во врска со судирите во Либија, барајќи соборување на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи и воспоставување исламска управа во Либија.Меѓу бунтовничките сили кои се борат за соборување на режимот на Моамер ел-Гадафи во Либија, може да се инфилтрирани и терористи од меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда и од либанското шиитско движење Хезболах, н акрајот од март изјави врховниот командант на силите на НАТО во Европа, адмирал Џејмс Ставридис, говорејќи пред Сенатот.„Ние внимателно го проучуваме составот на бунтовнички групи и конкретните лица кои се водачите на опозицијата“, рече адмиралот Џејмс Ставридис. Спроед него, разузнавачките извештаи покажале дека има „знаци на потенцијално присуство (меѓу бунтовниците) на Ал-Каеда и на Хезболах.“„Во овој момент не можам да кажам дека меѓу опозицијата е опипливо присуството на Ал Каеда или други терористички организации“, реча на 29-ти март Ставридис, говорејќи пред сенаторската комисија во Вашингтон.Претходно во Париз претседателот на Чад (сосед на Либија), Идриз Деби, за весникот „Млада Африка“ (Jeune Afrique) изјави декаа припадници на терористичката организација „Ал Каеда во земјите на исламскиот Магреб“ искористувајќи ја воената ситуација во Либија украле ракети „земја-воздух’ Според него, милитантите на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда го прокриумчариле оружјето во централна Сахара.Уште од почетокот на немирите либискиот водач Моамер ел-Гадафи во разговор за францускиот весник Journal du Dimanche, а подоцна и во заедничко интервју за американската телевизија ABC, како и за британските BBC и Telegraph изјави дека се бори против терористите на Ал Каеда, чиишто челници преку аудио и видео снимки во неколку наврати им дадоа поддршка и понудија помош за востаниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави денеска официјален претставник.
Медиумите објавија дека и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан е исто така безбеден.
Веста дојде откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран, а во Техеран беа пријавени експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Израел ја нарече својата воена операција против Иран „Рикот на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански официјален претставник.
Свет
Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“.
Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран.
Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Тој нагласи дека заканувачките активности на Иран директно ги загрозуваат САД, нивните трупи, бази во странство и сојузниците низ целиот свет.
„Иранскиот режим скандира „Смрт за Америка“ веќе 47 години и води немилосрдна кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон САД, нашите трупи и невини луѓе во многу земји“, рече Трамп.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка операција на САД и Израел.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информации од иранската опозиција.
Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

