Македонија
ДУИ бара брз компромис за името и завршување на Охридскиот договор

Раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на денешното централно претседателство во седиштето тетовска Мала Речица ја анализирало работата на министрите и пратениците од нивните редови
Покрај работата на своите претставници, највисокото партиско тело на ДУИ во неделата ја разгледувало и динамиката на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, преговорите за името со Грција и други актуелни политички случувања во државава.Како што пренесуваат тетовските дописници, претседателот на ДУИ, Али Ахмети дал преодна оценка за работата на пратениците и министрите од неговата партија. Ахмети смета дека повеќето од задачите се министрите ги сработиле но секогаш може и подобро.„Политиката на ДУИ е секогаш да биде незадоволна од сработеното бидејќи секогаш може и подобро“, изјавил Али Ахмети.Лидерот на ДУИ оценил дека заговарањето нов договор меѓу Македонците и Албанците би претставувало бесцелно трошење време и енергија. Ахмети смета дека треба да се концентрира на имплементацијата на Охридскиот договор кој е поддржан од меѓународната заедница и посебно на законите кои произлегуваат од него, за што извори од неговата партија велат дека треба веќе поинтензивно да се заокружи. По едно од прашањата со кои ДУИ не се согласува со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рекол дека компромис за името со Грција е потребен, бидејќи заради тоа, како што рекол, државата е во застој во однос на евроинтергациите. Ахмети додал дека нема готов предлог, а и дека нема да фаворизира некој од оние што беа споменува изминатиот период. „Не само спорот за името, туку и сите проблеми со кои ние како држава може да се соочиме, не се ексклузивна одговорност на ВМРО-ДПМНЕ и за нивно решавање треба да се залагаме сите институции во државата“, изјавил Ахмети.Всушност Ахмети ги повтори познатите ставовите на ДУИ со кои во преговорите со најголемата партија во владејачката коалиција ќе се обиде да притисне за добивање подобри позиции за нејзините министри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.