Контакт

Спорт

Фени во борба за финале во БИБЛ лигата

Објавено пред

Тимот на Фени Индустри денеска со почеток во 18.15 часот во полу- финалниот натпревар против Ловќен од Цетиње во Софија ќе се обиде да се пласира во финалето на БИБЛ Балканската лига.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Фени Индустри денеска со почеток во 18.15 часот во полу- финалниот натпревар против Ловќен од Цетиње во Софија ќе се обиде да се пласира во финалето на БИБЛ Балканската лига. За пласман во финалето ќе се борат и екипите, Еуроинс Черно Море и Левски а полуфиналните натпревари ќе се одиграат во Салата Универзијада во Софија. Првиот полу- финален натпревар ќе се одигра со почеток во 18.15 каде македонскиот претставник Фени Индустри ќе игра против Ловќен од Цетиње а во 20.45 часот Левски ќе игра против Еуроинс Черно Море. Потоа ќе следи ден одмор а финалето ќе се одигра на 15-ти април со почеток во 17.30 часот. Тренерот на македонскиот претставник Фени, Емил Рајковиќ е пресреќен што неговиот тим стигна до фајнал фор од БИБЛ лигата втора година по ред. „Сите тимови се подеднакво силни па не можам да кажам дали има фаворити, можеби Левски има мала предност бидејќи ќе игра на домашен терен“ изјави Рајковиќ. Капитенот на Фени, Горан Самарџиев пак додаде дека тимот се обидува да ја претстави македонската кошарка на највисокото ниво на Балканот.„ Не стигнавме до финалето минатата година, па затоа сме мотивирани да стигнеме до финалето сега“ изјави Самарџиев./крај/библ/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Објавено пред

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.

„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Објавено пред

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..

dobivaj vesti na viber

Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.

Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.

„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Објавено пред

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.

dobivaj vesti na viber

Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.

Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.

Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.

Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.

Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може...

Македонија1 час

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје...

Македонија2 часа

(Видео) „Вистината за случајот со АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ“, прашува Кузеска

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски,...

Македонија3 часа

„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Македонија4 часа

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...

Топ4 часа

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Македонија4 часа

„Влен“: Во ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборната единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,...

Свет5 часа

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиона „Ф-16“ прелетаа над американскиот разорувач со водни ракети „УСС Џејсон Данам“ во јужниот дел на Карипското...

Европа5 часа

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не може да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет5 часа

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет5 часа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет6 часа

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет6 часа

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...

Македонија22 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ23 часа

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ23 часа

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија24 часа

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Свет1 ден

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Македонија1 ден

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија1 ден

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...