Свет
Со комбајни упаднаа во Жито Битола
Земјоделците формираа управен одбор кој ќе го преземе управувањето со комбинатот се додека не им бидат исплатени парите за пченицата
РАДИКАЛИЗИРАНИ ПРОТЕСТИТЕ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ
Земјоделците формираа управен одбор кој ќе го преземе управувањето со комбинатот се додека не им бидат исплатени парите за пченицата
Пелагониските земјоделци кои речиси осум месеци протестираат пред мелничко-пекарскиот комбинат Жито Битола и во текот на вчерашниот ден до 16 часот кога го заклучивме нашиот весник, не успеаја да си ги наплатат побарувањата од откупената пченица од минатогодишната реколта. Раководството на комбинатот, како и многупати досега, го вети, но не го исполни ветувањето. Во текот на вчерашниот ден над 100-тина земјоделци со својата земјоделска механизација трактори, комбајни и друга опрема, го блокираа влезот во комбинатот во надеж дека ќе успеат да си ги наплатат своите побарувања. Со облед на тоа што од страна на раководството им беше ветено дека ќе си ги добијат своите пари до 14 часот, земјоделците мирно претстојуваа во кругот на комбинатот во исчекување на своите пари. Но, во определениот термин од страна на адвокатот на Жито Битола беа известени дека се уште не се обезбедени потребните средства, но дека постојат оптимистички надежи дека до 16 часот истите ќе бидат обезбедени. Ваквото објаснување земјоделците го сфатија како нова измама на директорот Петар Илиевски и одлучија земјоделската механизација да ја внесат во кругот на комбинатот и да ги блокираат сите влезови во погоните. Откако тоа го направија, одлучија да формираат управен одбор кој ќе го преземе работењето односно управувањето со комбинатот, се до целосна исплата на нивните побарувањата. Сите настани будно ги следеше и полицијата, но со оглед на тоа што не се случи никаков инцидент, не дојде до интервенција. Претседателот на Здружението на земјоделци "Клас" од Прилеп, Петре Стојкоски, истакна дека можно е повлекување од комбинатот само по целосно исплатување на нивните побарувања, а доколку до тоа не дојде, тие се подготвени да останат во комбинатот дури и за време на Велигденските празници. М. П.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Откако исчезнаа, два запленети венецуелски танкери повторно беа забележани кај Порторико
Два танкера за нафта запленети од американските сили претходно овој месец како дел од кампањата против извозот на венецуелска нафта беа повторно видени вчера во близина на Порторико, потврдија за Ројтерс сведок и според податоците за следење на бродот.
Станува збор за супертанкерот М Софија, запленет на 7 јануари додека транспортираше венецуелска нафта, и помалиот танкер Галилео, запленет минатата недела. Танкерите се меѓу седумте бродови поврзани со венецуелските извозни операции што беа запленети од американската војска и крајбрежната стража во последните недели.
Танкерите не емитуваа податоци за позицијата, па затоа нивната локација не можела да се следи се до средата. Другите пет запленети бродови моментално се наоѓаат во близина на американскиот Залив, во венецуелските води и во близина на Шкотска.
Свет
САД денеска официјално излегуваат од СЗО
САД денес се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), една година откако претседателот Доналд Трамп нареди повлекување од агенцијата на ОН со седиште во Женева, што нејзиниот генерален директор го нарекува „загуба и за САД и за остатокот од светот“.
Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Теоретски, еден од условите за повлекување утврдени во договорот не е исполнет бидејќи САД не ги платиле своите претходни придонеси во целост како што е договорено.
Сепак, СЗО нема начин да бара пари или да го одбие повлекувањето, истакнува агенцијата dpa.
„Се надевам дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука и повторно ќе се приклучат на СЗО“, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева, додавајќи дека сите губат со овој потег.
„Повлекувањето е загуба за САД, а во исто време и загуба за остатокот од светот“, рече Тедрос, додавајќи дека не станува збор за пари, туку за соработка и солидарност. Меѓу другото, СЗО има системи за рано предупредување за појава на потенцијално опасни болести.
Гневот на Трамп кон СЗО датира од пандемијата на коронавирус.
Тој се обиде да ја напушти организацијата за време на својот прв мандат, но неговиот наследник, Џо Бајден, стана претседател пред да истече едногодишниот рок и ја поништи наредбата на Трамп. Трамп ја обвинува СЗО за злоупотреба на средства и лошо управување со пандемијата.
Откако Трамп се врати во Белата куќа, САД не ги платија преостанатите членарини за 2024 и 2025 година, во вкупен износ од околу 280 милиони долари.
Со години, САД се убедливо најголемиот донатор, честопати покривајќи повеќе од 15 проценти од буџетот на организацијата. СЗО сега е принудена да спроведе програма за штедење, намалувајќи го персоналот и буџетот за околу една петтина.
фото/Depositphotos
Свет
Маж убиен во пукотница во Германија
Еден маж почина во пукотница во Дортмунд. Пукањето се случило кратко пред полноќ во градскиот округ Нордштат, а полицијата го истражува инцидентот, објавува Welt.
Портпаролот на полицијата утрово соопшти дека мажот бил реанимиран од службите за итни случаи откако бил ранет на местото на настанот. Тој бил однесен во болница, каде подоцна им подлегнал на повредите.
Парчиња искината облека биле пронајдени расфрлани на асфалтот, заедно со повеќе од 20 чаури.
Одделот за убиства на полицијата ја презеде понатамошната истрага. Деталите за можните сторители сè уште не се познати.
фото/Depositphotos

