Свет
Досието Експорт-импорт банка се отвора пред избори
Во Јавното правобранителство не кажуваат што прават за да ја забрзаат судската постапка за државата да си врати 25 милиони евра
Во Јавното правобранителство не кажуваат што прават за да ја забрзаат судската постапка за државата да си врати 25 милиони евра
Досието „Експорт-импорт банка во стечај“ се отвора само пред избори. Тоа се случи непосредно пред локалните избори, кога беше покрената судска постапка за утврдување на одговорноста за пропаднатите 25 милиони евра буџетски пари, а потоа предметот една година заглави во Врховниот суд. Пред само една недела тој е вратен во Основниот суд за судската постапка конечно да почне. Но, во меѓувреме стечајната судијка што ја почна постапката си поднесе оставка, а неизвесна е и улогата на стечајниот управник Владислав Тамбурковски, против кого е покренат обвинителен акт за незаконски водена стечајна постапка во велешката топилница.
Во Јавното правобранителство молк. Оттаму не кажуваат што прават за да ја забрзаат судската постапка со цел државата да си ги врати парите.
Според Народната банка на Македонија, државата со стечајот во Експорт-импорт банка е оштетена за 25 милиони евра. Но некои од доверителите тврдат дека вкупната загуба на НБМ е 46 милиони евра, во кои влегуваат и директните побарувања на Централната банка од Експорт-импорт од 18 милиони евра. Во оваа сума тие ги пресметуваат и побарувањата од 13 милиони евра што неколку деловни банки морале да ги преземат и да ги прикажат како свои и уште 13 милиони што од банката на Методи Смиленски што ги побаруваат Бирото за стокови резерви, повеќе државни претпријатија, фондови, агенции и други буџетски институции. На овој износ треба да се додадат уште два милиони евра што Фондот за осигурување на депозити им ги исплати на штедачите во пропаднатата банка.
Заедно со побарувањата на доверителите од 26 милиони евра, пријавени на првото извештајно рочиште од стечајната постапка, вкупните загуби на Експорт-импорт одат до 72 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.