Спорт
МОК ги претстави спортистите кои ќе учествуваат на светските првенства

Спортските федерации во кајак на диви води, борење и триатлон, следниот викенд со свои преставници ќе учествуваат на светските првенства
Спортистите кои ќе учествуваат на мундијалите денес беа претставени во просториите на Македонскиот олимписки комитет – МОК.Најдобриот македонски триатлонец, Стојан Поповски, од 9-12 септември ќе учествува на СП во Будимпешта. Во конкуренција на 112 натпреварувачи, тој очекува пласман во првата половина.„Имав добри подготовки, зад мене се две државни првенства на кои ја темпирав формата. Очекувам пласман во првата половина, а ќе се обидам да изборам пласман меѓу најдобрите 30“, рече Поповски, кого по СП, на 17 септември го очекува настап на Балканскиот куп.Кајакот на диви води е единствениот спорт, во кој Македонија од осамостојувањето на сите Олимписки игри имала преставник. Кајакарите на диви води, во дисциплината слалом, во периодот од 9 до 12 септември во Љубљана ќе бидат дел СП. Атанас Николовски и најдобриот македонски јуниор Игор Стефановски ќе бидат дел од планетарната елита.Борачите, Дејан Митров, Дејан Богданов и Александар Георгиев ќе учествуваат на СП, чии домаќин ќе биде Москва. Квалитетните шестнеделни подготовки, ја креваат самодовербата кај борачите, дека во Русија можат да постигнат забележителни резултати.На борилиштето во Москва први, на 11 септември ќе се појават Богданов во категоријата до 84 килограми и Георгиев, кој ќе настапи во категоријата до 96 килограми. Ден подоцна, во категоријата до 66 килограми, својот настап на СП ќе го има Дејан Митров.„Ги познавам противниците кои доаѓаат од Европа, благодарение на условите кои ги имавме во подготвителниот период, се наоѓам во добра форма. Се надевам дека на ова СП можеме да освоиме барем еден медал“, вели Митров.Финансискиот дел од подготовките, транспортот и сместувањето на шестмината спортисти, кои патуваат за Будимпешта, Љубљана и Москва, го обезбеди Македонскиот олимписки комитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Се вика Диого, подобар е од Фиго“

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Рано утрово, фудбалската јавност ја потресе трагичната вест за смртта на португалскиот напаѓач, Диого Жота. Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
Тешко е да се добие песната на познатиот „Коп“ на стадионот на Ливерпул. Жота успеа да го добие тоа.
„Се вика Диого, подобар е од Фиго“, се само дел од зборовите со кои беше пречекан секој пат кога ќе направеше нешто големо за „црвените“. Имаше многу такви моменти во петте години додека го носеше дресот на Ливерпул.
Голови во финалето на купот, ладнокрвно изведени пенали во пенал сериите, неверојатни пробиви… Жота ќе биде запаметен во историјата на Ливерпул по сето ова. Секако, тој беше важен дел и од двете титули на Ливерпул во Премиер лигата, особено во првата во 2021 година.
Не само што остави длабок белег на „Енфилд“, туку тоа го направи и во Вулверхемптон.
На своето деби во Премиер лигата, тој постигна хет-трик против Лестер и со тоа најави каков играч ќе стане. Тој исто така му помогна на тимот од стадионот „Молино“ да стигне до Премиер лигата постигнувајќи 17 гола како позајмен играч од Атлетико Мадрид.
Одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола.
Ќе биде запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе живее на „Енфилд“.
„Тој ќе нè води до победа, а кога трча по левата страна, ќе влета во средината и ќе постигне гол за Ливерпул“…
Спорт
Марка: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.
Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
⚫ Muere el futbolista del Liverpool Diogo Jota en un accidente de tráfico en la provincia de Zamora
😢 El siniestro se produjo en el kilómetro 65 de la A-52, a la altura del término municipal de Palacios de Sanabria. pic.twitter.com/Uz15fMHKoZ
— MARCA (@marca) July 3, 2025
Според сведоците, возилото било зафатено од пламен, кој потоа се проширил на блиската вегетација.
Одделот за итна медицинска помош (УИМ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од Здравствениот центар Момбуј можеле само да ја потврдат смртта на двајца млади луѓе на лице место.
Трагедијата е уште поголема бидејќи Диого се ожени на 22 јуни. Тој зад себе ги остави сопругата, со која се ожени пред само четири дена, и три деца.
• 22 de Junho de 2025 •
Sim, para sempre ♾️ pic.twitter.com/pZvQwKADgd— Diogo Jota (@DiogoJota18) June 28, 2025
Диого Жота кариерата ја започна во Пакош Ферерира во 2014 година. По две години се сели во Атлетико Мадрид, а потоа патото преку Порто и Вулверхемптон го однесе во Ливерпул.
За клубот од „Енфилд“ со кога сезонава стана англиски шампион, потпиша во 2020 година. Ливерпу за неговиот трансфер издвои 40 милиони фунти.
Спорт
Еспањол продаден за 200 милиони евра

Фото/ EPA-EFE/ANDREU DALMAU
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици.
Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.
Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон.
„Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во клубот, а дека дополнителни 20 ќе бидат издвоени како стимулација поврзана со перформансите и целите за перформанси.
„Ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години“, пишува „Марка“.
Конечниот договор меѓу двете страни, старите и новите сопственици, е постигнат по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешната структура на клубот.
Се очекува договорот да биде финализиран следната недела, со што би започнала нова ера на Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици би бил зајакнување на тимот за следната сезона.