Македонија
Во Прилеп уште осум лица превентивно примија „Тамифлу“
Сите лица се пристигнати во Прилеп од Камбера, Австралија со 15 годишното момче, кое од понеделник вечерта е на Инфективната клиника во Скопје и кај кое е констатиран грип од сојот од кој е и новито тип вирус од групата А
„Осумтемина кои стигнаа со момчето го добија лекот и денеска направивме анкета во двете семејства, каде дојшле на гости во Прилеп. Констатиравме дека контактирале со уште 30-тина луѓе. Ситуацијата ја следиме. Никој не покажува никакви знаци ниту на настинка.“, ијзави за локалните медиуми Гоце Ингилизов, директор на прилепскиот Завод за здравствена заштита.Тој нагласува дека симптоми на новиот вид свински грип нема кај ниту едно од 15-те лица кои деновиве примиле превентивна доза од лекот, а кои биле во контакт со четири годишното дете, кое беше прв сомнителен случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николовски: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ.
Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот период, истакна Николовски.
Николовски нагласи дека минималната плата не мрдна во изминатите 6 месеци, додека владата предводена од СДСМ ја покачи од 8 на 22.567 денари.
Заводот за статистика евидентираше раст на инфлацијата од 4,3%, синдикалната кошничка во декември е повисока за 840 денари, изнесува близу 63.000 денари, потребни се три минимални плати за нејзино покривање. Секаде во регионот се зголемува минималната плата само кај нас не мрда. Зошто не прифатите да се покачи минималната плата за работниците?, нагласи Николовски.
Македонија
Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0%.
Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски, во прашањето упатено до заменик министерот за економија Марјан Ристески.
Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.
Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се приофати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната, нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интесес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.
Македонија
Се бара одземање на пасошот за сопственикот на фирмата кој се сомничи за тендерите во „Државна Лотарија“
Скопското Обвинителство постапувајќи по кривичната пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две лица и една фирма за тендерските злоупотреби во Државна лотарија.
Од Обвинителството велат дека директорот Перпарим Бајрами за кој веќе е поведена истрага и е во бегство, е осомничен за Злоупотреба на службена положба и овластување. За второосомничениот Артан Ајрули, сопственик и фирмата „Ритрон копи“ од Куманово и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
„Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата“, велат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот.