Спорт
Украина остана единствен кандидат за домаќин на Евробаскет во 2015
Минхен, 14.12.2011 (Макфакс) – Франција, Германија, Хрватска и Италија ја повлекоа заедничката кандидатура за организација на Европското првенство во кошарка, во 2015 година.
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } A:link { so-language: zxx } –> Франција, Германија, Хрватска и Италија ја повлекоа заедничката кандидатура за организација на Европското првенство во кошарка, во 2015 година. Кандидатурата е повлечена на само четири дена пред ФИБА Европа да ја донесе конечната одлука каде ќе биде одржано Европското првенство. Откако овие четири земји ја повлекоа заедничката кандидатура, во „игра“ остана само Украина, со што станува јасно дека Евробаскетот четврти пат по ред ќе се одржи во источниот дел на Европа. Евробаскетот во 2009 се одржа во Полска, две години подоцна во Литванија, а домаќин на најдобрите европски репрезентации во 2013 година ќе биде Словенија. Иницијативата за повлекување на заедничката кандидатура ја покренаа Кошаркарските сојузи на Франција и Германија, покажувајќи го своето незадоволството од начинот на кој е спроведена целата процедура. Французите и Германците ја обвинија ФИБА Европа за недостиг на професионализам и јавен увид во нејзината работа. Во позадина на целиот скандал се наоѓаат парите, односно одлуката на Европската куќа на кошарката, да го одбере официјалниот партнер и да го продаде спонзорскиот пакет за четири милиони евра, пред да биде избран домаќинот на континеталниот собир. Доколку не се случи нешто непредвидено, на 18.декември во Минхен, ФИБА Европа ќе соопшти дека ЕП во 2015 година ќе биде одржано во Украина. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

