Македонија
Уште еден починат на Инфективна со потврден свински грип
Едно лице починало на Клиниката за инфективни болести како резултат на масивна билатерална пневмонија и со потврдено присуство на новиот тип на вирус А Х1Н1.
Едно лице починало на Клиниката за инфективни болести како резултат на масивна билатерална пневмонија и со потврдено присуство на новиот тип на вирус А Х1Н1. Пациентот бил хоспитализиран на клиниката пред десетина дена со симптоми на грип, а неколку дена по приемот се влошила неговата состојба, по што пациентот бил поставен на асистирана вентилација. Во четврток вечер настапило затајување на срцето и констатирана е смрт. Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум нови пациенти со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 56 лица. Двајца од нив се со потешка клиничка слика и се ставени на асистирана вентилација. На инфективното одделение во Воената болница нема нови пациенти и таму во моментот има вкупно 13 хоспитализирани лица со симптоми на грип. На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште двајца и таму во моментов болнички се лекуваат 39 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен три деца кои се со потешка клиничка слика, а едното е поставено на респиратор. На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани четири деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 28 деца. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

