Македонија
САД ја очекуваат Македонија во НАТО
САД очекуваат Македонија да стане членка на НАТО, по решението на спорот за името со Грција
САД очекуваат Македонија да стане членка на НАТО, по решението на спорот за името со Грција.
Заменикот државен секретар на САД, Џејмс Стајнберг ова го порача на вчерашната церемонија во Вашингтон по повод приемот во Алијансата на Албанија и Хрватска, која вети дека ќе помогне во Авганистан.
Македонија, која поради грчкото вето лани во Букурешт не влезе во НАТО, не доби покана за самитот, на кој НАТО одбележува 60 години од формирањето, што ќе се одржи во петок и сабота во Франција и Германија./крај/ег/ил/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пановски доживеа сообраќајна несреќа: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен
Микробиологот и актуелен советник во Советот на Град Скопје, д-р Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа додека возел велосипед, во која за малку можел да загине.
Вели дека психички е во шок, а има и физички болки. Тој во описот пишува дека ќе бил смачкан, а возачот кој бил со автомобил џип, ќе бил душевно осакатен. Тој упати апел до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.
„По тоа што го доживеавме вчера, јас на велосипед и господинот во голем џип, ве преколнувам:
КОГА ЧЕКАТЕ НА СЕМАФОР, А СТЕ САМИ ВО АВТОМОБИЛ, ОСОБЕНО ЏИП, НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО МОБИЛЕН, ГЛЕДАЈТЕ ПРЕД ВАС, ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ!!!
Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ул. Никола Тесла со Илинденска (кај Трибека, и гим. Орце Николов), се движам по ул. Н.Тесла кон Илинденска со велосипед, закачувам за нешто со педалата, минувајќи меѓу колите кои чекаа на црвено, и тротоарот, и паѓам на стомак пред џипот кој чека прв на семафорот. Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу лица кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа, што прво со нњговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната подколеница која беше под рамот. Значи осети отпор и прикочи инаку, јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно. Значи, ако не гледате напред,а гледате во мобилен или на страна можеби под вашето возило во меѓувреме да паднал човек, дете итн.
Да ја завршам случката. За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав, крв од носот, очилата летнати (баш нови и скапи), ама ок беа, лаптопот и мобилниот преживејаа, велосипедот во посмртни остатоци, ама ќе се поправи, велосипедот ем ме турна во смрт, ама и ме спаси. Возачот на џипот ме зема во возилото, велосипедот во багажник и ме однесе дома. Го оставив смачканиот велосипед во гаража, се качив на друг и отидов на седница на Совет на Град Скопјев каде што бев и тргнат, истресов прашина и влегов во 11.30, доцнев 10 минути. По некое време гледам дека ме затега ногавицата кај подколеницата. Оток како тениско топче. На пауза отидов дома да се пресиблечам, кога потколеницата се наду како топка, и почнаа силни болки. Не можев ни до вц да одам без помош. Денес сум подобар, сам се движам, десната потколеница е само двапати подебела од левата, вчера беше трипати подебела и не ме боли. Лесни болки во рамо, колк, носот. Утре и ќе излезам од дома, значи ок сум физички, а психички сум се уште во шок, па затоа ја напишав оваа порака до возачите”, пишува Пановски.
Македонија
Силјановска: Очекувам европско однесување од ЕУ
Мој основен политички инструмент во политиката беше и ќе остане дијалог воден со добра волја, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиното прво годишно обраќање во Собранието.
Говорејќи за Европската унија и проширувањето, Сиљановска Давкова истакна дека ЕУ лидерите никогаш не треба да изумат дека европската заедница беше мировен проект што гарантира вечен мир, но, сепак денес војуваат европски држави.
– Знам дека реалистите ќе коментираат дека ја критикувам ЕУ заради односот кон нас, бидејќи ние целиме кон Унијата, а не Унијата кон нас, но и јас имам право критички да размислувам како балканка која се доживува како Европејка и очекува европско однесување од ЕУ – порача претседателката.
Таа вели дека на секоја средба со ЕУ лидерите ја потенцира нужноста од проширувањето со земјите од Западен Балкан.
– Признавам, за мене ЕУ е сè уште е најпосакуваниот демократски политички систем и наш дом. Не случајно денес граѓаните на членките на ЕУ имаат подобро мислење од нејзиниот демократски капацитет – додаде таа.
Македонија
Активни забрани за камиони на патот Тетово – Попова Шапка и на преминот Маврово
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Активни забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планински премин Маврово.
Забраната за движење на товарни возила на планинскиот премин Ѓавато е укината.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.