Свет
На кумашинката на Аркан и' помагала уште една Македонка од Србија
Покрај фамозната Станислава Полетан, уште една Македонка родена во Србија и еден српски државјанин биле директно инволвирани во шверцот со половина тон кокаин што беше запленет на Блаце.
ГОРАН АДАМОВСКИ ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Покрај фамозната Станислава Полетан, уште една Македонка родена во Србија и еден српски државјанин биле директно инволвирани во шверцот со половина тон кокаин што беше запленет на Блаце. Двајцата нови актери во милионскиот шверц заедно со вевчанката од Белград, која е во бегство, биле дел од синџирот на шверцот со висококвалитетен кокаин вреден 100 милиони евра. Се’ уште не се знае кој стои зад фиктивната фирма во Солун која го нарачала увозот на поликолор боја од Венецуела. Македонската полиција ги доставила сите податоци со кои располагала до своите грчки колеги, кои понатаму ќе го составуваат мозаикот. Во фактурите на пријавената стока, односно пратката со поликолор, пријавена е вредност од 26.000 евра, а како набавувач е наведена фиктивната фирма „Сироус компани“ од Солун. Владата одлучи да ги награди оперативците од МВР и од царинската управа со по 5.000 евра, кои директно учествуваа во заплената на кокаинот.
Полицијата потврди дека двајца државјани на Србија, чиј идентитет не се открива во интерес на истрагата, и’ помагале на Полетан во транспортот на шверцот. Станува збор за Србинка со македонско потекло, која заедно со уште едно лице извршила претходна проверка на трасата, а, веројатно, тие биле и придружба на паднатиот шлепер. Во меѓувреме, српската полиција се обидува да ја лоцира кумашинката на Аркан, Станислава Чочоровска-Полетан (38), сопственичка на фантомската фирма „Макфут“, која го организирала транспортот на дрогата од Бар, Црна Гора, до Солун. Наши сознанија говорат дека адресата на фирмата на Чочоровска е на нејзин стан, кој таа пред десетина години, наводно, го купила од таткото на својата кума, фолк-пејачката Светлана Ражнатовиќ-Цеца.
Македонската полиција демантира дека рекордната заплена е плод на заедничка акција на неколку полиции од регионот, координирани со Американската служба за спречување наркотици (ДЕА).
Надлежните укажуваат дека поголеми пратки шверцуван кокаин досега не се забележани низ земјава. Пратката која беше запленета на Блаце, најверојатно, била пробен балон за да се види како би функционирала оваа рута во иднина. Досега нашите служби многу ретко се занимавале со заплена на кокаин, бидејќи, поради високата цена, оваа дрога најчесто го заобиколувала македонскиот наркопазар. Кокаинот, поради својата ексклузивност, се нарекува и „дрога на богатите“.
Според одредени претпоставки, можно е запленетата дрога воопшто и да не потекнува од Венецуела, туку од Колумбија, која важи за најголем светски извозник на овој вид дрога. Дрогата потоа била пренесена во венецуелското пристаниште „Ла Гуара“, од каде што со хрватскиот брод „Лошињ“ на 14 ноември тргнала на пат долг два месеца, период во кој без проблеми минала низ неколку земји. Преку шпанското пристаниште „Алгесирас“ и италијанското „Џоја Тауро“, пред Нова година стигнала до Бар во Црна Гора. На 4 јануари годинава била претоварена во скопски шлепер, управуван од Алија Азировиќ од Чојлија, Скопско, кој со својата шефица Чочоровска се договорил за надомест од 1.100 евра да го пренесе товарот до Солун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгискиот премиер: Трамп е гладна гасеница
Белгискиот премиер Барт де Вевер го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, споредувајќи го со „гладна гасеница“, во контекст на неговите изјави и закани во врска со Гренланд.
Како што пренесува „Метро“, де Вевер рече дека времето за дипломатско убедување на Вашингтон е истечено и дека таков пристап станал контрапродуктивен.
„Доста е. Европа мора да се соочи со Доналд Трамп, „гладната гасеница“, рече белгискиот премиер.
Тој ги повика европските земји сериозно да ги зајакнат сопствените одбранбени капацитети, за да можат да одговорат на можноста за американска воена интервенција во Гренланд.
Според него, дојде време реториката и апелите да се заменат со конкретни мерки насочени кон заштита на европските интереси.
Изјавите на белгискиот премиер следеа по низа провокативни пораки од Вашингтон.
Трамп претходно го нарече Гренланд „парче мраз“ и јавно побара НАТО да им го отстапи на Соединетите Американски Држави.
Во овој контекст, тој потсети дека во рамките на Алијансата, како што изјави, го нарекуваат „тато“, додавајќи дека САД би биле „благодарни“ доколку Гренланд биде предаден, но дека ќе „го паметат при евентуално отфрлање“.
Во исто време, американскиот претседател рече дека Вашингтон е секогаш подготвен да го брани НАТО, но изрази сомнежи за способноста на Алијансата да ги поддржи САД во иста мера, што во европските престолнини беше протолкувано како дополнително заострување на односите со сојузниците.
Фото: ЕПА
Свет
Земјотрес ја погоди Турција
Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри и на растојание од 68 километри од градот Баликешир.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да имаме Трета светска војна
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес на Светскиот економски форум во Давос изјави дека голем број земји склучиле „огромни договори“ со САД во врска со гасот и нафтата.
Тој додаде дека кога Америка оди напред, сите други следат.
Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави го доживуваат „најбрзиот и најдраматичен“ економски раст во историјата на земјата, наведувајќи дека американскиот раст „експлодирал“, дека инвестициите и приходите се зголемиле и дека инфлацијата е поразена.
„САД се економскиот мотор на светот. Кога Америка цвета, целиот свет цвета, а кога ние не успеваме, сите нè следат“, рече Трамп за време на своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос.
Тој оцени дека одредени места во Европа „веќе не можат да се препознаат“.
„Не сакам никого да навредам, но не можам да ги препознаам некои земји во негативна смисла. Ја сакам Европа, но мислам дека оди во лоша насока“, рече Трамп.
Трамп оцени дека многу земји го напуштиле начинот на водење бизнис што ги направил богати и дека сè уште има многу потенцијал во многу земји.
Трамп се пошегува дека денес во Давос се обраќа на „многу пријатели и неколку непријатели“.
Тој изјави дека ќе ги намали даноците и ќе ги зголеми царините за увоз од странски земји, а тоа е затоа што, како што рече, тие земји ќе ја поправат штетата „што ја предизвикале“.
Трамп побара итен почеток на преговорите за купување на Гренланд, наведувајќи дека оваа територија се наоѓа на клучно стратешко место – на половина пат помеѓу САД и Русија и Кина. „Сакаме силни, а не слаби сојузници“, рече Трамп.
„Барам итни преговори за купување на Гренланд, бидејќи сме купиле бројни земји низ историјата. Нема ништо лошо во тоа“, рече Трамп во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.
Трамп, исто така, рече дека „многу ги почитува граѓаните на Гренланд и Данска“, но потсети дека таква членка на НАТО мора да може да се одбрани.
Тој потсети дека нацистичка Германија, во Втората светска војна, го скршила отпорот на Данците за само шест часа, по што САД испратиле војници во Гренланд, кои се бореле да го спасат.
„По војната, го вративме на Данска. Беше многу глупаво, но го вративме. Колку се неблагодарни“, рече Трамп, наведувајќи дека Америка лесно може да ја окупира оваа територија со сила.
„Но, ние нема да го сториме тоа. Тоа е можеби најважниот дел од мојот говор, бидејќи луѓето мислеа дека ќе употребам сила. Не морам да употребам сила. Нема да употребам сила. Сè што Америка бара е територија наречена Гренланд“, рече Трамп.
Во исто време, американскиот претседател ги отфрли тврдењата дека го сака Гренланд поради ретки минерали и метали, објаснувајќи дека резервите на овие суровини се наоѓаат под „стотици метри дебела ледена покривка“.
„САД се економскиот мотор на планетата. Ако ги следите нашите чекори, и вие можете да го следите нашиот пат. Ја сакам Европа и сакам да оди добро, но не оди во таа насока“, рече Трамп, наведувајќи дека европските земји се „жртви“ на неконтролирана имиграција и огромен увоз.
Тој им рече на европските лидери дека „веќе не признава бројни градови“, оценувајќи дека Стариот континент е загрозен од „исчезнувањето на цивилизацијата“, но дека Америка ќе „им помогне да ја корегираат сегашната насока“.
Според него, доколку Камала Харис или Џозеф Бајден беа избрани за претседател на САД наместо него, ситуацијата во Украина ќе се претвореше во Трета светска војна.
„Беше лоша ситуација, но нема да имаме Трета светска војна“, рече Трамп.

