Македонија
Тага и болка по осум години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

Делегација од кабинетот на претседателот, делегација на Владата, на Армијата на Македонија и роднините на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година кај Љуботенски бачила, денеска положија свежо цвеќе на спомен-плочите
Со пригоден собир во Волково, Љуботенски бачила и касарната Илинден, кај спомен плочите за загинатите Марјанчо Бошковски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Томе Димовски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Ивица Златевски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот.Пред осум години на 10 август, воено товарно возило на Армијата на Македонија на патот кај месноста Љуботнески бачила нагази на две противтекновски мини. Осум припадници на резервниот состав на АРМ ги загубија своите животи. Денеска, во касарната Илинден, роднините и пријателите на загинатите како и нивните сосборци со солзи во очите се сеќаваа на настаните од 2001 година. Тага и болка се читаше на нивните лица.На денешните собири почит на загинатите бранители, покрај нивните роднини, пријатели и поранешни соборци, им оддадоа делагации на Владата составена од министерот за образование и наука Никола Тодоров, министерот за информатичко општество Иво Ивановски и заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, потоа делегација на Генералштабот на АРМ, предводена од директорот на ГШ полковник Круме Велков, и делегации на политичките партии.Семејствата на загинатите беа поканети на ручек во ресторанот на касарната Илинден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.
„Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.
Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири.
Македонија
Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на еднодневната работна посета оствари повеќе средби со високи француски политички претставници, на кои во фокусот на разговорите беа реформската агенда и предлог Резолуцијата на СДСМ, како гаранција за заштита на националните интереси и решение за деблокирање на преговите со ЕУ.
Филипче одржа работна средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги, со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани, како и со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.
На состаноците беше истакната поддршката од Франција во процесот на евроинтеграција, но и потребата од брзи резултати во исполнување на обврските и работа на реформите.
Филипче ги презентираше позициите на СДСМ и истакна дека партијата има проактивен пристап и работи на решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тој нагласи дека во завршна фаза е подготовката на Резолуцијата, со која ќе се потврдат националните црвени линии – македонскиот јазик, култура и идентитет, како и механизми за справување со евентуални непринципиелни барања што излегуваат надвор од Преговарачката рамка.
Во разговорите беше потенцирано дека во Европската Унија постои јасен консензус за проширувањето, и дека тоа е можност која Македонија мора да ја искористи. Француските претставници пренесоа очекувања дека нашата земја треба да направи напредок во евроинтеграцискиот процес, како што тоа веќе го прават државите од регионот, особено Албанија и Црна Гора.
Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)