Свет
Ирска: Коуен даде оставка на лидерското место во партијата, останува премиер

Ирскиот премиер Брајан Коуен попушти пред притисокот од членовите на неговата партија „Фиана Фаил“ и даде оставка лидерското место, но ќе остане премиер на земјата до изборите на 11 март, јавува РојтерсОдлуката на Коен да ги раздели функциите на партиски лидер и на премиер е крајно невообичаена и претставува врв на неделата на политичка драма што ја разбесни ирската јавност. Најнепопуларниот премиер во поблиската историја на Ирска е обвинет за лошо менаџирање на економската криза и дозволување „меурот“ со недвижнините да добие енормни размери во времето кога служел како министер за финансии. Пукањето на „меурот“ доведе до тоа ирска да биде присилена кон крајот на минатата година да побара и добие пакет помош од ЕУ и ММФ, вреден 85 милијарди евра. “требаше да си замине пред многу време, за да сочува барем малку од својот и од дигнитетот на функцијата. Погледнете само во што се претвори Ирска на меѓународен план, служиме за потсмев“, велат некои аналитичари. Коуен побара гласање на доверба во партијата на почетокот на неделава и победи, но потоа донесе непромислена одлука за реконструкција на владата, што за малку предвремено ќе ја урнеше владејачката администрација. Лидерката на најголемата опозициска партија „Фине Гаел“, Енда Кени, се закани дека ќе побара гласање на доверба на владата наредната недела, ако Коуен веднаш не распише избори. Владата веќе се соочува со гласање на доверба во среда. Аналитичарите исто така сметаат дека, имајќи го предвид слабото мнозинство од само двајца пратеници и незадоволното членство на партијата, владата најверојатно нема да го преживее гласањето. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.
-Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ.
Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.
Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија
Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.