Македонија
Вонреден Конгрес на ВМРО-Народна партија

Опозиционата ВМРО-Народна партија во петок во Скопје го одржува својот 14-ти Вонреден конгрес.
Опозиционата ВМРО-Народна партија во петок во Скопје го одржува својот 14-ти Вонреден конгрес.
На Конгресот, како што е најавено ќе се обрати почесниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски, кој по повод Денот на (ВМРО) Македонската револуционерна борба и 14 -тиот конгрес на ВМРО – Народна приредува коктел.
Во рамките на Конгресот ќе биде презентиран мини документарен филм ВМРО 1893-2009./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација училиштата

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите.
Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.
Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.
Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.
Македонија
Отворена нова амбуланта во Радуша

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор.
„Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за едно модерно здравство на примарно ниво. Горд сум што првпат амбулантата ќе ја води доктор од самото село, тоа е докторот Руфат Ќаили, кој ќе биде тука секојдневно за потребите на граѓаните“, истакна Алиу при посетата.
Македонија
Ивановска: Време е да ѝ објавиме војна на корупцијата во општина Центар

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција.
– Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија, истакна Марковски.
Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар. Излезете слободно, независно и гласајте за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа. Гласај за 149 за градоначалник на општина Центар, посочува Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на Центар на „Независни заедно“.
„Нема силни општини без советите“ Јана Белчева Андреевска ги повика скопјани да гласаат за советничката листа на Независни заедно и да го заокружат бројот 35.
– Советите треба да добијат стручни и независни советници, кои ќе работат во интерес на граѓаните и ќе дискутираат за релевантни теми. Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот, истакна Белчева Андреевска.
Јане Димески, носител на советничка листа за Општина Центар ги повика центарци га гласаат за бројот 39.
– Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните, истакна Димески.