Свет
Хакери во војнички униформи

Во градчето Реинбах крај Бон германската војска се подготвува за нов вид војување – преку интерент
Операцијата ја раководи генералот Фридрих Вилхелм Крејслер кој е началник на единица војници образувани во секторите за информатички науки на германската армија, а нивното главно оружје ќе бидат компјутерите. Неговата задача е да обучи 76 војници – хакери за сајбер војување, увежбувајќи методи за интерент инфилтрација во и за уривање на противнички компјутерски мрежи, шпијунирање и манипулирање.Германската влада одбобрила нацрт-закон со кој треба да се засили безбедноста на информациите и комуникациските канлаи на државните иснтитуции. А германските војници-хакери ќе бидат обучувани и за одбрана и за напад во сајбер светот.Ова не само германска идеја, имено и други држави во светот веќе подолго време во новите субверзивни активности предвидуваат хакерски уништувања на компјутерски системи или сметање на електронските функционирања во електронските системи на цели држави, почнувајќи од доверливи владини информации, преку банкарски системи и сообраќајни системи па се’ до нуклеарните системи. Западните разузнавачи проценуваат дека главните противници се истите како и во периодот на Студената војна – Русија и Кина.Имено, во 2007 г., Естонија која беше прогласена за електрнонички најбезбедна држава во Европа, доживеа хакерски напад на банките и виталните државни институции за што беа обвинети руски хакери наводно под команда на Кремљ. За вакви напади беше известувано и минатото лето при руската интервенција во Осетија, кога Грузија се жалеше дека Русија електронски ги напаѓа нејзините интеренет системи а за случно се говореше и во Киргистан.Германските безбедносни служби уште во 2007 г. открија упорни сајбер напади од Кина врз системите на неколку министерства и владата, па канцеларката Ангела Меркел јавно побара од кинеските фукнционери да се престане со ваквата практика.Американските стручњаци сметаат дека комјутерсктие мрежи се многу ранлива инфраструктура и можна цел на терористите. Тие од поодамна ги употребуват терминтие како „електронички Перл Харбор“ или „Сајбергедон“. Во извештајот до Конгресот американските експерти предупредуваат дека Кина интензивно ги развива воените сајбер методи и технологијата и дека таа набрзо може да обезбеди значителна предност во овој сегмент. Но и покрај дебатите, ниту во НАТО се’ уште не може да се реши дали ваквите сајбер атаци може да се третираат како вооружени закани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ле Пен: Договорот со Трамп е фијаско за ЕУ

Француската политичарка Марин Ле Пен го нарече трговскиот договор постигнат од претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „политичко, економско и морално фијаско“.
Во објава на социјалната мрежа „X“, Ле Пен појасни дека го смета за политичко фијаско затоа што „Европската унија, со своите 27 земји-членки, доби полоши услови од Обединетото Кралство“.
Со економско фијаско затоа што „Комисијата прифати асиметрични клаузули што самата Франција, управувана од патриотски извршен орган, никогаш не би ги прифатила“ и морално фијаско затоа што „француските земјоделци повторно беа жртвувани на олтарот на индустриите преку Рајна, со клаузули што нè принудуваат дополнително да отвориме уникатен пазар за американски земјоделски производи во замена за намалување на данокот за извоз на германски автомобили“.
Покрај тоа, Марин Ле Пен напиша дека „глобализацијата што го негира и уништува суверенитетот е застарена со години“, велејќи дека „крајно време е оваа информација да стигне до ушите на Европската комисија“.
Фото: принтскрин
Свет
Русија започна директни комерцијални летови меѓу Москва и Пјонгјанг

Русија вчера воспостави редовна воздушна линија меѓу Москва и Пјонгјанг, што е јасен показател за сè посилните врски меѓу двете земји.
Првиот лет на рускиот превозник Нордвинд полета од московскиот аеродром Шереметјево, носејќи повеќе од 400 патници.
Руското Министерство за транспорт објави дека летовите сега ќе се одвиваат еднаш месечно за да се задоволи побарувачката.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна го посети новото севернокорејско одморалиште Вонсан-Калма, каде што се сретна со лидерот Ким Џонг Ун. Во таа прилика, тој вети дека ќе ги охрабри руските туристи да го посетат комплексот.
Одморалиштето, кое може да прими речиси 20.000 луѓе, е клучен дел од напорите на Ким да го поттикне туризмот за да ѝ помогне на економијата на неговата земја, која се бори со тешкотии.
Северна Кореја постепено ги ублажува строгите мерки воведени за време на пандемијата и постепено ги отвора своите граници. Сепак, властите сè уште официјално не потврдија дали целосно ќе го продолжат меѓународниот туризам.
Редовните летови помеѓу руското пристаниште Владивосток и Пјонгјанг беа обновени во 2023 година, по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Овој потег доаѓа во време кога Русија и Северна Кореја значително ја проширија воената и друга соработка, при што Пјонгјанг ѝ снабдуваше на Москва оружје и војници за поддршка на војната во Украина.
Фото: Принтскрин
Свет
Дел од Австрија под вода: спасени се 150 млади луѓе

Доброволната противпожарна бригада на селото Цел синоќа евакуираше 150 деца и млади луѓе кои учествуваа во извиднички камп во тој австриски регион, откако реката одеднаш се зголеми поради обилните дождови.
Пожарникарите, исто така, помогнаа во расклопувањето на шаторите, додека поради неповолните временски прогнози, кампот на крајот беше целосно откажан.
Според информациите од властите, човечките животи не беа директно загрозени, објави „Кронен Цајтунг“.
Неколку обилни дождови предизвикаа и интервенција на пожарникарите во западна Долна Австрија, според заменик-началникот на противпожарната служба на округот Амштетен, Јозеф Фуксбергер, додавајќи дека дел од градот Хајдерсхофен е целосно отсечен поради поплави.
Исто така, беше поставена подвижна одбрана од поплави за заштита на објектите, рече Фуксбергер.
Фото: принтскрин