Свет
Три години затвор за ексзаменик-јавен правобранител

Три години затвор за Миодраг Стевановиќ е првостепената пресуда која ја
изрече вчера тричлениот Судски совет за ексзаменик-јавниот правобранител кому
му се судеше за злоупотреба на службената должност и овластување.
ПРЕСУДА ЗА НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ ВО ЈАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
Три години затвор за Миодраг Стевановиќ е првостепената пресуда која ја
изрече вчера тричлениот Судски совет за ексзаменик-јавниот правобранител кому
му се судеше за злоупотреба на службената должност и овластување. За помагање
во извршувањето на делото и се судеше и на архиварката Љубица Минчорова, која
Судскиот совет ја осуди на две години затвор. Советот одлучи и двајцата сега
осудени да ги пушти од притвор. Нивните адвокати, незадоволни од пресудата,
најавија жалби до Апелациониот суд во Скопје.
На Миодраг Стевановиќ му се судеше оти не обжалил решение на второстепена
владина комисија за денационализација на државно земјиште. Се работи за
земјиште во Кисела Вода. Тој потпишал дека државата нема да се жали, иако трите
решенија ги работеле други заменици-јавни правобранители. Предметите му ги дала
и ставила печат на нив архиварката Минчорова.
За ова кај него ургирал осудениот од случајот Бачило Никола Стојменовиќ кој во
Правобранителството дошол како претставник на правниот совет на Владата на
Владо Бучковски. Со него бил и правник од "Скопски пазар", фирма која
го купила земјиштето во Кисела Вода.
Четворица оштетени побараа по пет милиони денари отештета за
денационализираното земјиште. Без нивно знаење станале сопственици на земјиште
во Кисела Вода кое, преку прензионерот Ордан Милановски, било продадено на
"Скопски пазар", а за постапките за денационализација имале дадено
полномоштво кај нотарот Стојменовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на ОН го осуди терористичкиот напад во Индија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро го осуди нападот врз туристи во индиски Кашмир во кој вчера загинаа најмалку 26 лица, изјави неговиот портпарол.
„Генералниот секретар нагласува дека нападите врз цивили се неприфатливи под никакви околности“, додаде тој, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите кои беа жртви на вооружен напад.
Милитанти отворија оган врз туристи во Пахалгам, на околу 90 километри од Сринагар на индиската територија Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку 26 лица.
Повеќето од загинатите се туристи, наводно од различни региони на Индија, а според најавата на првиот министер за Џаму и Кашмир, Омар Абдула, бројот на загинатите се уште се утврдува.
Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Кашмирски отпор.
Свет
Американскиот државен секретар го откажа учеството во мировните преговори за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио нема да учествува на разговорите во Лондон со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
По разговорот со својот британски колега, на социјалната мрежа Икс Рубио најави дека ќе го одложи патувањето и ќе го посети Обединетото Кралство во наредните месеци.
Разговорите ќе продолжат, а на нив ќе присуствува и пратеникот на претседателот Доналд Трамп за Украина, генералот Кит Келог, додаде тој.
Сепак, не е јасно дали неговото отсуство значи дека Трамп ги намалил очекувањата на Вашингтон за состанокот во Лондон, откако во неделата рече дека се надева оти Москва и Киев ќе постигнат договор оваа недела за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Во овој момент, додека се уште траат состаноците во Лондон, тој нема да биде присутен. Сепак, оваа изјава не се однесува на самите состаноци, туку на логистички прашања во неговиот распоред“, изјави Брус за новинарите на редовниот брифинг. „Генералот Келог е таму и тој ќе учествува во разговорите“, додаде таа.
Одлуката уследи по предупредувањето дека САД ќе се повлечат од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку наскоро нема јасни знаци за напредок.
Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.