Македонија
Македонија го одбележува Светскиот ден за заштита при работа
Свесни сме дека бројот на работниците кои го губат животот при извршување на работните задачи не може да биде сведен на нула, но ќе се залагаме бројот на загинати, повредени и професионални заболени на работните места да биде доведен на минимум.
Свесни сме дека бројот на работниците кои го губат животот при извршување на работните задачи не може да биде сведен на нула, но ќе се залагаме бројот на загинати, повредени и професионални заболени на работните места да биде доведен на минимум.Ова беше истакнато на конференцијата на Македонското здружение за заштита при работа, која се одржува денеска во Скопје по повод 28 април Светскиот ден за заштита при работа.Конференцијата, на која присуствуваат и претставници на Меѓународната организација на трудот, како и на Здруженија за заштита при работа од Норвешка, Србија, Бугарија и Косово, започна со едноминутно молчење, во знак на почит на оние кои ги загубиле животите на работните места.Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа Милан Петковски укажа дека во последните години зголемена е грижата за безбедноста на работникот.„Самата заштита на работникот при извршувањето на работната задача нема да има никаква смисла, доколку во заштитата не се вклучени сите страни и работникот и работодавачот“, изјави Петковски.Тој додаде дека идејата на денешниот настан не е да се бројат жртвите, туку да се разговара за мерките кои треба да се преземат за спречување на сите несреќни случаи.На денешниот настан беа промовирани и Прирачник кој ги содржи Законските прописи за заштита при работа, како и Правилник за системи на управување со заштита при работа./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

