Македонија
Службениците кои вршат две функции мудро си молчат
Судирот на интереси во рамките на локалната власт станува се помасовна појава. Државната изборна комисија за спречување на корупција веќе постапуваше по неколку предмети,
Судирот на интереси во рамките на локалната власт станува се помасовна појава. Државната изборна комисија за спречување на корупција веќе постапуваше по неколку предмети, но службениците кои вршат две функции истовремено, не сакаат да се откажат од она што им го нудат функциите, повeќето од нив мудро си молчат.
Законите кои ја регулираат оваа материја, ја третираат различно.Надлежните констатираа дека оваа појава е во подем и предлагаат да се делува превентивно, со список на функционери, кој ќе се проверува.
“Да се создаде законски филтер, пред одреден функционер, кој веќе е избран на одредено место да врши некоја функција, да не може да биде избран на друга функција. Да се направи еден регистер на функционери, владата или градоначалникот кога ќе ги именува таквите лица да проверат во списокот дали е ставен како функционер. Тука за комисијата би било многу полесно постапувањето“ вели претседателот на ДКСК, Илми Селами.
Тој ги повика службените лица кои се наоѓаат во ваква состојба, сами да дадат личен пример и да ја олеснат работата на ДКСК.
„Службените лица кои што се наоѓаат во ваква состојба на судир на интереси, сами да си дадат свој личен пример, да се извлечат од состојба на судир на интереси со цел да ја олеснат работата на државната комисија за спречување на корупцијата“ додава Селами.
„Не може пратеник да биде и министер, бидејќи пратеникот врши контрола на извршната власт. Таа истата логика се рефлектира и на локално ниво. Не може оној кој што е основач на јавно претпријатие, на пример општина Велес, не може да има советник кому што му врши контрола, на пример директор на училиште, по дифолт не може. Тогаш каква контрола ќе имаме? Имаме мешање на две власти, една законодавна и извршна власт дециден е професорот Борче Давитковски.
„Праксата во механизмите за превенција од оваа појава во Македонија потфрли. Оваа појава е пракса и на ниво на централна власт“ вели народниот правобранител Иџет Мемети.
Градоначалниците во сите општина ја поддржаа борбата против судирот на интереси.
„За мене клучна е политичката волја. Наместо досега да е подигната на високо ниво, таа е како воопшто да не постои. Потребно е под итно да се интервенира и да се дополни законот за судир на интереси. Потребно е сите да ги почитуваат одлуките на ДКСК и потребно е да се најде начин, таа да има поодврзани раце“ вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина “Карпош“.
Невладините организации ја охрабрија државната изборна комисија да реагира поодлучно.
Измените и допoлнувањата на законот за судир на интереси кои беа донесени во декември 2009 година воведоа една измена, односно обврска за избраните службени лица.
Тие до државната комисија за спречување на корупција треба да дадат изјава за интереси за своите лични ангажмани и за ангажманите на своите блиски лица. Дали оние кои што вршат одредена функција дополнително вршат уште едно овластување или должност, дали се членови на некое здружение на граѓани, дали се припадници, основачи или раководат со некое трговско друштво, дали се основачи или учесници во некој државен капитал. Истите податоци требаше да ги достават и за нивните блиски лица.
Со ова се отвори една појава која сега веќе станува се помасовна, а тоа е судирот на интереси во рамките на локалната власт, поточно случај на советници во општините, членови на советот на општините низ цела Македонија истовремено се и директори на разни установи, комунални претпријатија, кои ги основа советот на општината или на други правни лица кои располагаат со државен капитал.
Законот за спречување на корупција, изборниот законик и законот за локална самоуправа го третираат ова прашање, но на различен начин./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

