Свет
Сугаревски осомничен за поткуп
По две и пол години истрага, вчера почна судењето на Владо Сугаревски, поранешен генерален директор на РЕК „Битола“ и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Пеце Стефановски
По две и пол години истрага, вчера почна судењето на Владо Сугаревски, поранешен генерален директор на РЕК „Битола“ и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Обвинението го товари за злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп и измама.
Пред кривичниот совет во Основниот суд во Битола, покрај Сугаревски вчера се појави и второобвинетиот Влатко Кочински, кој се товари дека како комерцијален директор на РЕК „Битола“ ја злоупотребил службената должност. Присутен беше и Мишко Миленковски, сопственикот на приватната фирма „Сокол и елен“, кој на Сугаревски му дал поткуп за да добие тендер во РЕК „Битола“.
Владо Сугаревски, според истрагата, правел малверзации во тендерите, и зел поткуп од фирмата „Сокол и елен“. Тој службеното возило го користел за патување на седници на Собранието, од каде земал пари за превоз како да патува со приватно возило, а во исто време, подигал пари за дневници и од РЕК „Битола“, во периодот од 2000 до 2002 година.
Во почетокот на 2003 година Сугаревски беше 23 дена во притвор. Во тој период битолската полиција и инспекторите на УБК упаднаа во неговите станови и пронајдоа црн тефтер во кој го водел својот дневник. Колку компромитирачки докази во него се пронајдени против Владо Сугаревски, се уште не е познато. Меѓутоа, познато е дека во 2000 година Сугаревски имал отворено штедна книшка во Алфа-банка во Лерин, за што гарант му бил грчки државјанин кој соработувал со него, меѓутоа подоцна на грчките и македонски разузнавачи им послужил како крт, за да ја фатат оваа трансакција на Сугаревски.
Во последните месеци на 2000 година Сугаревски во повеќе наврати, под параванот дека службено патува во термоелектричните централи во Птолемаида, во филијалата на Алфа банка во Лерин внесувал кеш по 100.000 германски марки, веднаш барал да се изврши конверзија во 87.000 австралиски долари што ги депонирал во Коменвелт банка во Мелбурн, Австралија. Во тој период, во РЕК „Битола“ немаше јагленови резерви на депонија и на Македонија и се закануваше мрак. За овие трансакции постојат фотокопирани документи во УБК, но не е покренато обвинение.
Неговиот адвокат вчера побара изземање на судијката Мери Радевска, а судскиот совет го задолжи ваквиот предлог писмено да го образложи до 20 декември кога ќе се изјасни претседателот на Судот. Судењето продолжува на 18 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

