Свет
Бучковски најавува смени за "случајот Бачило"
Дали се исцрпени сите правни средства околу исплатата на отштетата од гранатирањето на АРМ во време на конфликтот?
Дали се исцрпени сите правни средства околу исплатата на отштетата од гранатирањето на АРМ во време на конфликтот?
Јавната правобранителка ќе замине ако го лажела премиерот
Жаклина Ѓорѓевиќ
Премиерот Владо Бучковски се закани дека ќе ја смени јавната правобранителка Зоја Лега Станоевска доколку се покаже дека Јавното правобранителство го лажело во врска со „случајот Бачило", за кој тоа тврди дека се исцрпени сите правни лекови. „Некој е доведен во заблуда, или Врховниот суд или премиерот", рече Бучковски, кој додаде дека во овој момент нема ниту една индиција дека Јавното правобранителство не ги исцрпило сите правни лекови. Правобранителката Лега ги отфрла сите обвинувања и тврди дека за неа постапката е завршена.
„Случајот Бачило" деновиве дополнително се компликува по шпекулациите што се појавија во јавноста дека утврдувањето на штетата се темели врз белешка на локален ветеринар. Главната причина за тоа е што, поради воените дејства, местото било непристапно за редовен увид на МВР и на истражен судија. Бачилото, кое се наоѓало во Вакуф во близина на Камењане, Тетовско, било гранатирано на 26 јуни 2001 година околу 9 часот наутро од хеликоптер на АРМ, кој испукал два проектила. Од едниот проектил, како што се наведува во тужбеното барање, оштетено е бачилото, а од другиот, на далечина од околу 200 метра, направен е кратер. Дилемата што се наметнува е како е направен „пописот" за големината на направената штета, која низ судска постапка е проценета на 727.000 евра, како и за веродостојноста на добиените податоци.
„Случајот Бачило" ги скара државните институции, Врховниот суд, Министерството за одбрана и Јавното правобранителство, кои се препукуваат за тоа дали се искористени сите правни лекови во врска со оваа постапка. Според судската одлука, за спорот што се водел уште од 11 декември 2001 година државата, односно Министерството за одбрана, треба да му исплати 727.000 евра на тужителот Иснифарис Џемаили.
„Ако се покаже дека Јавното правобранителство ме лажело како министер за одбрана и сега како премиер, најлесно што можеме да направиме е да го разрешиме јавниот правобранител и да поведеме постапка за испитување на неговата одговорност. По дефиниција, не коментирам судски одлуки, но ќе го коментирам писмото од Врховниот суд. Што ако се докаже дека е точно тврдењето на Јавното правобранителство?", изјави вчера премиерот, коментирајќи ги постапките на државните институции околу случајот. Тој испрати и писмо до Антикорупциската комисија, која се надева дека целосно ги испита дали е законски постапено во случајот и дали има елементи на корупција.
Инаку, Врховниот суд во понеделникот ги демантираше информациите од Министерството за одбрана и од Јавното правобранителство, кои тврдеа дека се искористени сите правни средства околу надоместокот на штетата на Џемаили. Според Врховниот суд, за пресудата во корист на Џемаили, а на штета на државата, не само што не се употребени вонредните правни лекови туку пресудата не е ни обжалена. Пресудата, како што појаснува Врховниот суд, станала правосилна на 16 јули 2004 година, откако претходно била доставена до Јавното правобранителство, кое не поднело жалба. Јавното правобранителство, пак, тврди дека во конкретниот случај се преземени сите вонредни правни лекови за заштита на интересите на државата. Оттаму појаснуваат дека со правосилна меѓупресуда е утврдена правната основа за штетата, а за висината на штетата биле ангажирани и вештаци.
„Целата работа ја искомпликува писмото на Врховниот суд, кој наместо да испитува зошто Основниот суд донел таква пресуда и зошто во делот кога Јавното правобранителство се обратило до нив со меѓупресудата е потврдено дека има основа за надомест на штетата влегува во една ситуација што има друга димензија", запраша вчера премиерот.
Јавната правобранителка Зоја Лега вчера за „Утрински весник" изјави: „За мене тој процес е завршен. Сега, ако сакаат, нека го разгледуваат други државни институции", рече таа.
Во образложението на Јавното правобранителство стои дека по правосилноста на меѓупресудата од 10 декември 2002 година, со која е утврдена штетата на тужителот, првостепената постапка продолжила. Судот донел пресуда која по жалба од Јавното правобранителство е укината. Првостепениот суд, решавајќи по укинатата пресуда, со повторната пресуда од 18 јуни 2004 година делумно го усвоил тужбеното барање за надомест на штета и го намалил досудениот износ за 1 милион денари. Втората пресуда, како што објаснува Правобранителството, не е обжалена, бидејќи тие не нашле основа за поднесување жалба во однос на висината на штетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.
Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.
Свет
Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП
Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.
Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.
Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.
И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.
Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.
Свет
Рутe: НАТО мора да ја зајакне безбедноста на Арктикот
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рамковниот договор за Гренланд што го договорил со американскиот претседател Доналд Трамп имплицира дека сојузниците на НАТО ќе мора да ја зајакнат безбедноста во арктичкиот регион.
Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос изјави дека првите резултати од зголемената безбедност на Арктикот ќе бидат видливи оваа година, пренесува Ројтерс.
„Ќе се собереме во НАТО со нашите високи команданти за да разработиме што е потребно. Не се сомневам дека можеме да го направиме тоа доста брзо. Секако се надевам за 2026 година, се надевам дури и на почетокот на 2026 година“, рече Руте.
Тој истакна дека сега е до командантите на НАТО да ги разработат деталите за дополнителните безбедносни барања и дека е сигурен дека членките на НАТО, кои не се блиску до Арктикот, исто така ќе сакаат да придонесат.
Руте рече дека за време на разговорот со Трамп, темата за експлоатација на критични минерали во Гренланд не била покрената.
Според него, напорите за зајакнување на безбедноста на Арктикот нема да влијаат на ресурсите за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија.
Тој истакна дека конкретните преговори за Гренланд ќе продолжат меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд, кој е автономна данска територија.
Руте рече дека разговарал со Трамп и за тоа како да се обезбеди безбедноста на седумте арктички земји и како може да се осигура НАТО да го обезбедува Арктикот.
„Разговаравме како да се осигураме дека Русите и Кинезите нема да добијат пристап до економијата на Гренланд или во воена смисла“, додаде Руте, објави Танјуг.

