Економија
На Волстрит осцилации на индексите

Во средата на Волстрит два индекса забележаа благ раст а еден ослабе поради инвеститорите се колебаа по објавувањето на слабите деловни резултати од компанијата Oracle, кои го отворија прашањето за деловните услови во севкупниот технолошки сектор.
Во средата на Волстрит два индекса забележаа благ раст а еден ослабе поради инвеститорите се колебаа по објавувањето на слабите деловни резултати од компанијата Oracle, кои го отворија прашањето за деловните услови во севкупниот технолошки сектор. Индексот Dow Jones зајакна за 0,03 отсто на 12.107 поени како и индексот S&P 500 за 0,19 отсто на 1.243 поени, додека, пак, индексот Nasdaq ја намали вредноста за 0,99 отсто на 2577 берзански поени. Цената на акциите на технолошкиот гигант Oracle потона за 12 отсто, откако оваа софтверска компанија разочара со своите квартални деловни резултати. Со тоа оваа компанија им се придружи на подолгата листа компании, вклучувајќи ги и големите имиња од технолошкиот сектор, чии резултати и процени за натамошното работење алармираат. Поради тоа, поевтинија и акциите на другите технолошки гиганти, па така цената на IBM падна за повеќе од 3 отсто, а на Cisco Systems за 2,6 отсто. Во центарот на инвеститорите на американските берзи во средата беа вестите од Европа. Првата понуда на тригодишните поволни заеми од Европската централна банка (ECB) предизвика голема побарувачка, па 523 европски банки се задолжија за вкупно 489 милијарди евра. Тоа предизвика надеж дека должничката криза може да се ублажи доколку банките овие средства ги употребата за купувањето на италијанските и шпанските државни обврзници, за да се намалат приносите на долговите на овие инаку презадолжени членки на еврозоната. Меѓутоа, бидејќи не дојде до натамошно зголемување на разликите во приносите меѓу референтните германски и италијанските државни обврзници, следеа шпекулации дека овие свежи пари не одат онаму каде што се најпотребни. Сепак, во последните моменти од тргувањето ан берзите во САД (утрово), загриженоста произлезена од должничката криза во еврозоната беше малку ублажена, па индексите Dow Jones S&P 500 на крајот завршија во позитивното подрачје. На европските берзи, пак, во средата цените на акциите паднаа, па така индексот на лондонската берза FTSE 100 се намали за 0,55 отсто на 5.389 поени, индексот на франкфуртската берза DAX падна за 0,95 отсто на 5.791 поени, а индексот на берзата во Париз CAC 40 се намали за 0,82 отсто на 3.030 индексни поени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.