Македонија
Истражувања за Европскиот Кредит Трансфер Систем

Резултати од истражувањата за имплементацијата на Европскиот Кредит Трансфер Систем (ЕКТС) денеска ќе бидат презентирани во Скопје.
Резултати од истражувањата за имплементацијата на Европскиот Кредит Трансфер Систем (ЕКТС) денеска ќе бидат презентирани во Скопје.Истражувањата се реализирани во текот на 2009 година во рамки на Студентската програма од страна на Младински образовен форум (МОФ).Тие се спроведени на Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје и Европски Универзитет на Република Македонија и опфаќаат два аспекти: транспарентност на факултетите и квалитет на студирањето и образованието.Истражувањето е резултат на два проекти „Антикорупциска студентска мрежа“ (Anticorruption Student Network-ACSN) и проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.Од двата проекти беше спроведено компаративно истражување за условите и квалитетот на имплементацијата на ЕКТС на државните и приватните универзитети во Македонија./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: ДПМНЕ се врати, слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оценува дека за прв пат после 8 години Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“.
Според неа, после осум години постојан напредок под водство на владите на СДСМ ваков драстичен пад се случува за прв пат.
„Од 118-то место во 2016 година, со СДСМ Македонија напредуваше до 36-то место, на најдобро место во регионот, благодарение на посветените политики за слобода на говорот, транспарентност и независност на медиумите.
Овој континуиран напредок на слободата на медиумите сега е сериозно загрозен.
ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина.
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува“.
„Репортери без граници“, потсетува таа, алармираат дека новинарите се изложени на закани и напади, а владините функционери покажуваат понижувачки ставови кон медиумските работници.
Според Кузеска, наместо да ги унапредува демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ ги враќа добро познатите методи на контрола, притисоци и страв.
Ова, додав, е јасен аларм за загрижувачката насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.
Ја повика јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност.
„Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и не смее да биде жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ“.
СДСМ, нагласи таа останува цврсто на страната на слободното новинарство и ќе продолжи да се бори против секоја форма на цензура, притисок и медиумска репресија.
Македонија
Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.
Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.
Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како со Смилковско и Младенов, за кои лажеше со години

Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години? Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии? Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел“, праша на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Доплнително Манасиевски праша, дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт, а потоа во стилот на Заев ,,пу, пу не важи”.
„Зоран Заев е причина за проблемите на Македонија, причина за тагата и бројни неуспеси, криминал и корупција. Венко Филипче да каже, што точно од тоа му е пример за учење?
Добро е што Венко Филипче призна се од почеток, за народот да нема дилема дека тој е втор Зоран Заев“, вели Манасиевски.