Свет
Трговијата со деца голем проблем на Хаити

Меѓународната заедница ќе посвети големо внимание на илегалната трговија со деца, која претставува голема опасност на Хаити, јавија западните агенции.
Меѓународната заедница ќе посвети големо внимание на илегалната трговија со деца, која претставува голема опасност на Хаити, јавија западните агенции.
САД ќе соработува со владата на Хаити и со меѓународни приватни организации за да се заштитат децата во Хаити од опасноста да станат жртви на илегална трговија, изјави портпаролот на Стејт Департментот П. Ј. Кровли.
Тој истакна дека во последните неколку дена забележани се случаи на трговија со деца и на педофилија. Тоа се должи на фактот дека многу деца останаа без своите домови, а многу од нив останаа сирачиња или се раздвоени од родителите.
Главната улога за општа заштита на децата од Хаити од земјотресот наваму ја презема УНИЦЕФ.
Премиерот на Хаити, Жан-Макс Белериве вчера изјави дека илегалната трговија со деца претставува еден од најголемите проблеми со кој се соочува неговата земја.
Белериве предупреди дека дополнителен проблем претставува трговијата со органи на возрасни и на деца. Тој рече дека има податоци кои укажуваат дека постои илегална трговија со деца и органи, но не даде никакви детали.
Хаити се соочува со огромни проблеми по катастрофалниот земјотрес од 12 јануари, кој однесе повеќе од 200 илјади животи./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.