Свет
Нова истрага за мистериозното самоубиство на осмоодделенка
Росана Цветковиќ (14) се самоубила два
дена пред сведочењето против штипскиот макро Сашо Митев
(35), по кого е распишана меѓународна потерница откако беше осуден на 4,5
години затвор
НЕГОТИНКАТА МАРИЈАНА ЦВЕТКОВИЌ БАРА
Росана Цветковиќ (14) се самоубила два
дена пред сведочењето против штипскиот макро Сашо Митев
(35), по кого е распишана меѓународна потерница откако беше осуден на 4,5
години затвор
Една година по смртта на осмоодделенката Росана Цветковиќ нејзината мајка Маријана
бара нова истрага за да се утврди вистината зошто нејзината ќерка, која била
жртва на проституцијата, се самоубила. Младата Росана требало да биде главен
сведок на процес против познат штипски макро, но до сведочењето не дошло поради
ненадејната смрт. Маријана си поставува многу прашања, но одговор нема, поради
што нејзината болка е се’ поголема. Мирјана живее во неготинското село
Пепелиште, откако се развела со таткото на Росана, со кого таа останала да
живее во Штип.
– Не верувам дека Росана без причина си го одзеде животот на 14 години. Таа,
според официјалниот извештај, се самоуби со пиење големо количество апчиња на
два дена пред да биде главен сведок во случајот со подведување малолетници за
проституција. Затоа се сомневам дека детето ми е убиено, а во прилог на ова е и
тоа како се одвивале сите работи во критичниот ден – вели Мирјана.
Таа објаснува дека критичната вечер Росана добила телефонски повик од непознат
вечерта да се најде со некого во кафе-барот „Енерџи“. Татко и’ не и’ дозволувал
да излезе, но откако тој заминал по работа Росана излегла. Кога се вратила
дома, и’ се влошило здравјето. По извесно време од устата почнало да и’
излегува пена, а телото и се тресело. Домашните повикале брза помош, а околу 15
минути по полноќ, дежурната докторка утврдила смрт. На Мирјана, кога дошла на
погреб не и’ дозволиле да ја види Росана.
– Золвата ми вели не ја откривај, девојчето долу тече. Дали беше бремена па
затоа организмот така се однесувал, не знам, бидејќи обдукција не била
направена – вели Мирјана.
Според истражниот судија што го водел случајот, на телото на Росана немало
видливи траги од насилство и не се познавале надворешни промени или удари,
поради што не била извршена обдукција, раскажува Мирјана.
Таа живеела со Росана до септември 2005 година, кога девојчето заминало во Штип
на лекарски преглед. Бидејќи бил празник Росана останала неколку дена кај татко
си, но постарата сестра ја наговорила да остане да живее таму.
– Во случајот со мојата Росана потфрлија татко и’ и тетка и’, кои ја чуваа,
како и од Центарот за социјални грижи, кои не можеа да видат на што се оддаде
моето девојче, бидејќи тоа се случувало од полноќ до наутро. Убедена сум дека
го правела тоа под дејство на дрога и под присила на ќерка ми Петранка и
братучетка и’ Светлана, бидејќи Росана на училиште била нерасположена и
плачела.
Сакам да ги прашам сите на кои мојата ќерка им била продавана за сексуални
услуги, дали имаат совест, дали имаат фамилија, дали имаат чувства дека таа
беше само дете – со солзи во очите ја завршува приказната Маријана.
По овие случувања таа бара синот Дарко, кој е полуматурант и живее со татко му,
да се врати кај неа.
Росана требало да биде главен сведок во случајот со штипскиот макро Сашо Митев
(35), кого тамошниот суд го осуди на 3,5 години затвор, а Апелацискиот суд му
ја зголеми казната за уште една година. Наместо во затвор, Митев е во бегство,
а против него е распишана меѓународна потерница. Митев, сопственикот на
кафеаната „Бисер 3“ во центарот на Штип, бил осуден поради тоа што во декември
2005 година и во јануари лани повеќепати ги врбувал, навел и ги поттикнувал на
проституција А.С.(15) и Росана.
Клиентите ги добивале сексуалните услуги во кафеаната на осудениот, во
автомобили и во станови. Митев на клиентите, кои биле од Штип, им наплаќал од
6.000 до 7.000 денари, од кои на девојките им давал по 500 до 1.500 денари или
картички за мобилни телефони, а остатокот од парите го задржувал за себе.
Адвокатот на Митев по судењето тврдеше дека не станува збор за давање пари и за
подведување и оти неговиот клиент бил во љубовна врска со А.С. и и’ давал
подароци.
Петар Печков
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бесент за Гренланд: Европа праќа војници, САД нема да ја препуштат безбедноста
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на конференција во Давос порача дека САД спроведуваат „ребаланс на меѓународната трговија“, кој, според него, одамна бил потребен. Според податоците за октомври, трговскиот дефицит на САД е на најниско ниво од 2009 година.
Бесент рече дека светот е побезбеден кога Америка е силна.
На прашањето за ризиците од трговска војна со Европа и прашањето за Гренланд, Бесент одговори дека не е сигурен „каква порака испраќаат тие осум европски земји што испраќаат војници на Гренланд“.
Тој ја обвини Велика Британија дека ја изневерила Америка поради базата на Диего Гарсија, која ја предава на Маурициус. Рече дека САД нема да ја препуштат својата безбедност на други.
Бесент жестоко го нападна гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој претходно го нарекол арогантен. „Можеби е единствениот човек во Калифорнија што знае помалку за економија и од Камала Харис“, рече Бесент.
Го обвини Њусом дека во Давос е со својот „богат спонзор Алекс Сорос“, додека Калифорнија има најголема популација на бездомници во САД.
Свет
Белорусија ја прифаќа поканата на Трамп – ќе се приклучи на „Одборот за мир“
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпишал документ со кој официјално ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување на Белорусија кон новоформираниот „Одбор за мир“, јави државната новинска агенција БелТА, пренесена од „Европска правда“.
„Подготвени сме да бидеме основачи“, изјави Лукашенко, истакнувајќи дека членството не бара никаква парична уплата, спротивно на гласините дека се бара милијарда долари. „Овие болни луѓе пак полудеа. Само треба да го прочитате документот. Пари не се бараат“, рече тој.
Според „Блумберг“, администрацијата на Трамп барала милијарда долари од земјите што сакаат постојано место во „Одборот за мир“, кој во Вашингтон се разгледува како можна алтернатива на Обединетите нации. Повик за приклучување добиле Русија, Белорусија, Канада и неколку европски земји.
Според документот, статутот на одборот ќе се спроведува според процедурите утврдени во писмото на Трамп.
Свет
Трамп и Ердоган разговарале за ситуацијата во Сирија и Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за развојот на настаните во Сирија и Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Сиријската влада, која добива поддршка од Турција, по неколкудневни судири со курдските Сиријски демократски сили (СДФ), сојузници на САД, објави прекин на огнот. Сирија им дала на СДФ четири дена за интеграција во централната држава.
Трамп и Ердоган разговарале и за борбата против Исламска држава и за судбината на нејзините затвореници во сириските затвори. Турција ја смета СДФ за терористичка организација поврзана со ПКК, група што води долгогодишна вооружена борба против турската држава.
Трамп го поканил Ердоган да се приклучи на американската иницијатива „Одбор за мир“ за Газа. Ердоган се заблагодарил и рекол дека Турција ќе продолжи да соработува со САД по тоа прашање. Одборот е одобрен од Советот за безбедност на ОН и има за цел да воспостави меѓународни стабилизациски сили во Газа.

