Спорт
Почина Никола Андрианов, најтрофејниот гимнастичар на сите времиња

Најтрофејниот гимнастичар на сите времиња освојувач на 15 олимписки медали, Николај Андријанов починал во понеделникот во 58-та година од животот.
Најтрофејниот гимнастичар на сите времиња освојувач на 15 олимписки медали, Николај Андријанов починал во понеделникот во 58-та година од животот.Како што соопшти сојузот на гимнастичари на Русија, Николај Андријанов починал денеска во неговиот роден град Владимир, по долго и тешко боледување. Андрианов боледуваше од дегенеративно невролошко пореметување поради кое не можеше да ги движи рацете и нозете, ниту можеше да зборува.Во својата кариера Андрианов вкупно освои 15 олимписки медали, од кои седум златни, пет сребрени и три бронзени и беше рекордер според бројот освоени медали на Олимписки игри се4 до Олимпијадата во Пекинг 2008 г. кога со 16 освоени медали го мина американскиот пловач Мајкл Фелпс. Андрианов во апсолутната категорија се наоѓа на третото место по сонародничката Лариса Латинина со 18 олимписки медали и споменатиот Фелпс. Тој ги освојуваше медалите на три Олимпијади, во Минхен 1972 г. освои злато, сребро и бронза, во Монтреал 1976 г. освои четири злата, две сребра и бронза а во Москва 1980 г. уште две злата, две сребра и една бронза. Покрај овие постигнувања, Андрианов на светските првенства освои четири златни и осум сребрени медали./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство.
Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.
Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, избраниците на поранечниот македонски селектор, Александар Џикиќ, не постигнаа ниту еден поен, противникот направи серија 9:0 и го реши мечот.
Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.
Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.
За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока. Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.
Foto/ FIBA
Спорт
Левандовски одбил плата од 100 милиони евра за сезона

Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски.
За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во Саудиска Арабија, Полјакот рекол : Не.
„Мундо Депортиво“, повикувајќи се на неименуван поратал од Саудиска Арабија, објави дека понудата за Левендовски била 100.000.000 евра фиксно, плус бонуси, само за една година од договорот.
Левандовски е решен да ја нападне Лигата на шампионите со Барселона и да се обиде да ја одбрани титулата во Шпанија.
Зад оваа можност стои Пини Захави, влијателен менаџер, кој со години ја води кариерата на поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд и Баерн, кој, како што се истакнува понатаму во текстот, ги поканил саудиските клубови повторно да се обидат во јануарскиот преоден рок или можеби следното лето.
Полјакот, Левандовски има договор со Каталонците до јуни 2026 година, со можност за обновување до летото 2027 година.
Foto/ EPA
Спорт
Екс-играч на Челзи го засили Клуж

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен, Челзи.
Фото/ Принтскрин