Свет
Талибанците најавуваат насилства на изборите во Авганистан

Портпаролот на талибанците Јусуф Ахмади во неделата најави дека ќе ги обноват насилствата, доколку вториот круг на изборите се одржи со само еден кандидат
Портпаролот на талибанците Јусуф Ахмади во неделата најави дека ќе ги обноват насилствата, доколку вториот круг на изборите се одржи со само еден кандидат.
Претседателскиот кандидат Абдула Абдула во недела го откажа своето учество во вториот изборен круг, така што сегашниот претседател Хамид Карзаи ќе биде единствениот кандидат.
“Нема да дозволиме вториот круг да помине мирно и ќе ги обновиме нападите за да ги направиме изборите нелегитимни. Не ја поддржуваме сегашната власт и политиката што ја води претседателот Карзаи”, изјавил Ахмади.
Тој посочил дека ваквата одлука не е резултат на тоа што кандидатот Абдула, се откажа од втроиот круг на изборите.
Талибанците ја презедоа одговорноста за експлозијата на бомба во средата пред седиштето на ОН во Кабул, кога загинаа пет лица.
Тие најавија дека тоа е само првиот чекор од намерата да го нарушат изборниот процес најавен за 7 ноември./крај/бг/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан.
„Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму кога влегувавме во Овалната соба, дознавме. Претпоставувам дека луѓето имаа навестување дека нешто ќе се случи врз основа на минатото, тие се борат долго време, знаете, тие се борат со децении и векови“, рече Трамп откако го надгледуваше положувањето заклетва на неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф.
President Trump reacts to the news that India has launched missile strikes into Pakistan. https://t.co/TC2ROCL7wW
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/fEhnhChPeh
— Sky News (@SkyNews) May 6, 2025
„Само се надевам дека ќе заврши многу брзо“, додаде Трамп.
Да потсетиме, Индија објави дека започнала воена операција против Пакистан и дека нападнала терористичка инфраструктура во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација, што претставува голема ескалација на тензиите меѓу двете земји.
Свет
Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Во официјалното соопштение се вели дека операцијата била наречена „Синдор“, во која биле погодени „терористички објекти од кои биле планирани и извршени напади врз Индија“.
„Нашите акции беа насочени, измерени и не ескалираа по природа. Ниту една пакистанска воена база не беше цел на нападот. Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начинот на спроведување на операцијата“, соопшти индиската влада.
Таа наводно го наредила нападот по смртоносниот милитантен напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир минатиот месец. Индија го обвинува Пакистан за поддршка на прекуграничниот тероризам – обвинение што Исламабад целосно го отфрла.
Пакистан објави дека најмалку седум лица, вклучувајќи деца, се убиени во индиските напади, нарекувајќи го „срамен и кукавички напад“ и најавувајќи одговор.
Индиската армија подоцна вечерта објави дека Пакистан започнал одмазднички напади со артилериски напади на индиско-пакистанската граница. Пакистан, исто така, тврди дека соборил пет индиски борбени авиони.
„Сите наши борбени авиони се во воздух. Ова е срамен и кукавички напад, извршен од индискиот воздушен простор“, рече портпаролот на пакистанската војска.
Регион
Жена паднала од девети кат во Косово, починала на лице место

Жена почина вчера откако падна од зграда на улица во Косово.
Ш. Мустафа (46) го загуби животот откако падна од деветтиот кат на зградата.
Веста според тамошните медиуми ја потврдила портпаролката на полицијата во Приштина, Фљора Ахмети.
Таа вели дека информацијата за случајот ја добила околу 16:20 часот.
„Околу 16:20 часот добивме информација дека едно лице (жена) паднало од зграда на улица во Косово и починала. Смртта на жртвата ја потврди медицинскиот тим на лице место“, рече Ахмети.
Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага за смртта и ги презема сите потребни истражни мерки за разјаснување на околностите на настанот.