Свет
Кривична пријава за сопственикот поради напад на службени лица
За инцидентот што се случи на 22 август во хотелот “Застава-Асторри охридската полиција поднесе кривична пријава против сопственикот на хотелот.
По тепачката во охридскиот хотел “Застава-Астор”
За инцидентот што се случи на 22 август во хотелот “Застава-Асторри охридската полиција поднесе кривична пријава против сопственикот на хотелот. Како што информираа вчера од Министерството за внатрешни работи, против сопственикот на хотелот, Ристо Анастасиевски, е поднесена кривична пријава за сторено дело: напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста. Оттаму информираа дека полицијата интервенирала во хотелот по пријава на албански државјанин дека неговата сопруга го грабнала синот и со него пребегала во Охрид. По ова дошло до напад на сега пријавениот врз еден од полициските инспектори, но кога тој бил совладан од полициските работници, врз него се нафрлил Фердинанд Биџаку, односно лицето кое ја повикало полицијата.
По извршен претрес на хотелот полицијата успеала да ги пронајде сопругата и синот на Биџаку, но поради пријавеното насилство за него била поднесена прекршочна пријава за физички напад, а истражен судија од Основниот суд во
Охрид му изрекол и казна затвор во траење од 30 дена.
И покрај тоа што целиот случај, барем за полицијата, е расчистен, сепак, инцидентот што се случил на 22 август, околу 14,30 часот, добива сосема поинаков тек, бидејќи токму пријавениот Анастасиевски најавува судски прогон за двајцата полициски инспектори. Во текот на вчерашниот ден се обидовме да контактираме со пријавениот Ристо Анастасиевски, но ни беше речено дека тој бил заминат на пат. Дополнителен тон на целата приказна Ј дава и непотврдената информација дека, и покрај тоа што на Фердинанд Биџаку му бил одреден 30- дневен затвор тој, сепак, бил протеран од државава.
(Љ.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

