Спорт
Мото ГП:Победа за Роси, титула за Лоренцо

Возачот на Фиат Јамаха, Валентино Роси, победи на трката за Големата награда на Малезија, која во кралската класа од Мото гранд при шампионатот се возеше на патеката „Сепанг“.
Возачот на Фиат Јамаха, Валентино Роси, победи на трката за Големата награда на Малезија, која во кралската класа од Мото гранд при шампионатот се возеше на патеката „Сепанг“.
За Валентино Роси победата на патеката во „Сепанг“ беше втора оваа сезона, вкупно 105 во кариерата. Патеката во Малезија деветкратниот светски првак ја мина со време од 41:03.448 минути.
Покрај Роси, причини за радост по трката во Малезија има и неговиот клупски колега, Хорхе Лоренцо. Шпанецот го освои третото место, и на три трки до крајот на шампионатот ја освои шампионската титула во кралската класа. Покрај Роси и Лоренцо, место на подиумот имаше и за возачот на Репсол Хонда, Андреа Девициозо, кој го освои второто место.
Следната трка во Мото Гран при шампионатот ќе се вози на 17 октомври, на патеката „Филип Ајланд“ во Австралија.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бецеки на пол-позицијата во Австрија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.
Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060.
Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол.
Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето.
Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.
Спринт трката се вози од 15 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14 часот.
Marco Bezzecchi takes his first pole since 2023 ahead of @alexmarquez73 and @PeccoBagnaia 🙌#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/XTyYZFyWI5
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025