Спорт
Три златни медали за Унгарија на ЕП во пливање
Целосна доминација на домашните пливачи, кои освоија три златни медали, на четвртиот натпреварувачки ден на ЕП во Будимпешта.
Целосна доминација на домашните пливачи, кои освоија три златни медали, на четвртиот натпреварувачки ден на ЕП во Будимпешта. Женската штафета на Унгарија, на 4×200 метри слободно го освои златниот медал со резултат, 7:52.69, среброто и припадна на штафетата на Франција, бронзата замина за Велика Британија. Даниел Ѓурта, со нов рекорд на шампионатите, 2:08.68 минути, го освои златниот медал на трката на 200 метри градно. Норвежанецот Александар Оен Дале го освои среброто, бронзата му припадна на Иго Дибоку од Франција. Успешниот ден за унгарското пливање го затвори Каталин Хошу која со нов рекорд на шампионатите, 2:10.09 минути, победи на трката на 200 метри мешано, среброто и бронзата ги освоија нејзината сонародничка Евелин Верашто и Хана Мајли од Велика Британија. Камиј Лакур од Франција имаше импресивна трка на 50 метри грбно, тој победи со време 24:07 секунди, што е за само три стотинки послабо од времето на светскиот рекорд на Лијам Танкок, кој на оваа трка го освои сребрениот медал, бронзата замина кај Гај Барнеи од Израел. Полскиот пливач Павел Коржениовски го освои златниот медал на трката на 200 метри пеперутка, победничкото време изнесува, 1:55.00 минути. Место на победничкиот пиедестал обезбедија Николај Скворцов од Русија и Јоанис Дримонакос од Грција. Џема Спофорт од Велика Британија победи на трката на 100 метри грбно, во финалето таа единствена пливаше под една минута, 59:80 секунди. На второто место се пласира нејзината сонародничка Елизабет Сајмондс, бронзата ја освои Џени Месинг од Германија. На трката на 800 метри во женска конкуренција златниот медал го освои, Лоте Фрис од Данска, среброто и припадна на Сириел Офели Етиен од Франција, а бронзата ја освои Федерика Пелегрини од Италија.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Павловиќ и Мењан за триумф на Милан над Рома
Фудбалерите на Милан ја победија Рома со 1:0 на „Сан Сиро“ во натпреварот што се одигра во рамките на 10-то коло од Серија А.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Страхиња Павловиќ во 39-та минута од натпреварот.
Павловиќ го почувствува моментот, ja следеше контрата која ја повлече Рафа Леао, а потоа ја заврши акцијата.
Павловиќ со вториот гол сезонава во Серија А ја казни Рома за неискористените шансидо тој момент.
Во финишот од натпреварот, во 82-та минута, Пауло Дибала не реализираше пенал. Мајк Мењан го одбрани неговиот удар.
Со оваа победа, Милан се изедначи на табелата со Рома и Интер. Овие три екипи имаат по 21 бод, еден помалку од лидерот Наполи.
Во следното коло, Милан ќе гостува кај Парма, додека Рома ќе го пречека Удинезе.
Foto/ EPA
Спорт
Гвардиола: Судиите десет години го ограбуваат Манчестер сити
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, беше многу лут по победата на неговиот тим против Борнмут со 3:1 во Премиер лигата.
Тренерот на „Граѓаните“ ги нападна судиите поради голот на Борнмут, кој според него беше постигнат по прекршок врз голманот Донарума.
„Неверојатно е што претставува гол за судиите. Тука сум десет години и се познаваме многу добро. Многу сум среќен со она што го постигнав досега во Сити“, рече Гвардиола.
Тој не застана тука со критиките кон судијата Ентони Тејлор.
„Му реков да ми објасни дали е прекршок или не. Не се удостои да ми одговори. Сите тука на „Етихад“ се храбри, многу храбри. Знам дека во минатото познати тренери во минатото им се јавувале. Јас не, а ниту тие ќе ме повикаат. Знам точно што можам да очекувам на стадионот“, заклучи Гвардиола.
Спорт
(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот.
Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството.
Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во 42-та минута, непосредно пред паузата.
Во 61-та минута, Маркус Рашфорд, со удар од гредата, ја врати предноста од два гола на домашниот тим, чија победа не беше доведена во прашање.
Вреди да се спомене, дека Рафа Мир ја погоди стативата десет минути подоцна, но немаше промена на резултатот.
Барса е втора на табелата со 25 бода, пет помалку од лидерот Реал, додека Елче е деветти со 14 бода.
Foto/ EPA

