Свет
Серија експлозии на првиот ден од гласањето во Ирак

Во серија смртоносни експлозии чија цел беше раното гласање на парламентарните избори во Ирак во четврток се убиени вкупно 17 лица, што укажува на ранливост на безбедносниот систем пред важните избори во недела
Иако ирачките безбедносни сили се распоредени низ државата во целосен капацитет за да се заштитат гласачите кои треба да гласаат порано како и да се обезбеди изборниот процес на 7-ми март, денешните два самоубиствени напади покажаа дека бунтовниците можат да предизвикаат големи крвопролевања во недела. Тие и претходно најавија дека со насилство ќе го попречуваат одвивањето на парламентарните избори во недела, со цел да го одвратат населението да гласа и да покажат дека ирачките власти немаат капацитет и моќ да спроведат избори. „Терористите сакаа да ги реметат изборите по почнаа да се креваат во воздух и на улиците“, изјавил заменикот министер за внатрешни работи на Ирак, Ајдан Халид Кадер, кој е одговорен за спроведување на безбедноста при изборите. Во четврток гласаа оние кои не ќе можат тоа да го сторат во недела. Најмногу од овие гласачи беа припадници на полицијата и војската кои на денот на изборите ќе бидат ангажирани. Гласаа и затворениците, медицинските работници и пациентите во болниците.Меѓу загинатите и повредените во денешните три напада во багдадските населби најмногу се полицајци и војници кои чекале во ред пред избирачките места, кога биле нападнати од самоубијците. Во првите два напада биле ранети и 25 војници кога двајца напаѓачи кои носеле појаси со експлозив ги нападнале центрите каде што припадниците на безбедносните сили гласале.Претходно крајпатна мина во областа Хурија, северозападно од главниот гради Багдад, убила пет цивили а во нападот биле ранети уште 22. И претходно ирачките власти најавија дека очекуваат исламистичките бунтовници да го зголемат насилството во обидот да ги попречат парламентарните избори, втори откако во 2003 г. беше изведена американската инвазија врз Ирак.„Ние сме сплотени околу единството, суверенитетот и безбедноста на Ирак. Ни преостанува да ја заокружиме оваа работа“, изјави премиерот Нури ал-Малики по состанокот со племенски лидери во Багдад.Претставници на Пентагон во средата изјавија дека лошите безбедносни состојби во Ирак го забавуваат целосното повлекување на сите 96 илјади американски војници, предвидено до крајот на идната година.Аналитичарите забележуваат дека нападите се случиле и покрај строгите безбедносни мерки воведени за заштита на изборниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

Марк Дејвид Чепмен, кој го уби Џон Ленон, рече дека го убил од патетична желба да биде некој. Тој ова го изјави неодамна пред комисијата за условно ослободување, во пресрет на 45-годишнината од шокантното злосторство.
„Ова беше поради мене и само мене, за жал, и имаше сè врска со неговата популарност“, изјавил во август седумдесетгодишниот Чепмен, кој е во казнено-поправната установа Грин Хејвен во округот Дачис, според транскриптот од интервјуто до кој во петокот дојде Њујорк Пост.
Чепмен, кој го уби обожуваниот четириесетгодишен Ленон на 8 декември 1980 година, по четиринаесетти пат безуспешно се обиде да излезе од затвор. Тој се извини за празнината што ѝ ја остави на публиката и пријателите на рок-легендата, но како што покажуваат документите, комисијата не поверувала во неговото каење.
На прашањето зошто сакал да го убие Ленон, одговорил: „За да бидам познат, да бидам нешто што не сум.“
„А потоа сфатив, еј, тука има цел“, продолжил Чепмен. „Не морам да умрам и можам да бидам некој. Толку ниско паднав.“
Во текот на претходните сослушувања за условно ослободување, Чепмен давал слични изјави поврзани со желбата за слава, кажувајќи дека сакал да биде познат и дека имал зло во себеси.
На сослушувањето на 27 август, повторно ја опишал бруталноста на убиството, кажувајќи на комисијата дека доаѓал во Менхетн од Хаваи месеците претходно решен да ја убије рок-иконата, откако се идентификувал со Холден Каулфилд од романот „Ловец во житото“ и почнал да верува дека Ленон е „лажен“.
Тогаш 25-годишниот Чепмен го чекал Ленон, но Ленон не се појавил. Два месеца подоцна, Чепмен се вратил откако опсесијата повторно почнала да се зголемува.
„Тогаш тоа утро, 8 декември, едноставно знаев. Не знам како знаев, но знаев дека тоа ќе биде денот кога ќе го сретнам и ќе го убијам“, изјавил Чепмен.
Кога Ленон излегол од лимузината со сопругата Јоко Оно, Чепмен пукал во него четири пати во грбот, само неколку часа откако му бил потпишан албумот од страна на музичарот.
Тој бил осуден на казна од 20 години до доживотен затвор.
Во последните години, Чепмен го минува времето читајќи ја Библијата навечер, играјќи одбојка со други затвореници и разговарајќи со сопругата Глорија, со која е во брак 46 години.
Чепмен изразил каење за убиството на неколку сослушувања за условно ослободување, вклучувајќи го и последното.
„Тој беше човечко битие“, рекол тој мислејќи на Ленон.
„Еве ме мене, живеам многу подолго, и не само семејството туку и неговите пријатели и фанови — се извинувам за агонијата низ која мораа да поминат. Во времето на злосторството воопшто не размислував за тоа, не ми беше гајле.“
Сепак, комисијата заклучила дека му недостасува „вистинско каење или значајна емпатија“ кон жртвите. Следното сослушување за негово евентуално условно ослободување ќе може да се одржи во 2027 година.
Чепмен сега вели дека би сакал да избегне јавен интерес.
„Веќе немам никаков интерес да бидам познат“, рекол тој.
„Само ставете ме некаде под тепих. Веќе не сакам да бидам познат, точка.“
Свет
Трамп: Не сакав бесмислен состанок со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал да одржи бескорисен состанок со рускиот лидер Владимир Путин, откако планот за нивни директни разговори за Украина бил ставен на пауза. Американскиот претседател во вторникот во Белата куќа стави до знаење дека клучната пречка останува одбивањето на Москва да престане со борбите по сегашната линија на фронтот, пишува Би-Би-Си.
Белата куќа претходно потврди дека нема планови за нов состанок во блиска иднина, иако Трамп минатата недела најави средба во Будимпешта. Разликите меѓу американските и руските мировни предлози се покажале непомирливи, а претходниот самит на Алјаска не донел резултати.
Трамп изјави дека го поддржува предлогот на Киев и европските лидери за замрзнување на конфликтот на постојната линија на фронтот, со пораката: „Престанете со борбите, престанете да убивате луѓе.“
Москва, пак, се спротивставува на вакво примирје. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и министерот Сергеј Лавров порачаа дека Русија бара „долгорочен и одржлив мир“ и дека замрзнување на фронтот би било само привремено решение. Кремљ повторно инсистира на руски суверенитет над Донбас и демилитаризација на Украина.
Од друга страна, Зеленски нагласи дека вистинската дипломатија почнува со замрзнување на бојното поле и дека единствено далекуметното оружје, како американските ракети „Томахавк“, може да ја натера Русија да седне на преговори.
Некои извештаи тврдат дека Трамп и Зеленски имале остар телефонски разговор, при што Трамп го притискал украинскиот лидер да се откаже од делови од Донбас – нешто што Зеленски категорично го одбива.
Свет
(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск, потврди Генералштабот на Украина. Нападот бил комбиниран воздушно-ракетен и, според украинската страна, го пробил рускиот противвоздушен систем.
Фабриката, која произведува барут, експлозиви и компоненти за ракетно гориво, е опишана како „клучен објект“ на руската воено-индустриска инфраструктура. По ударот, во Брјанск биле пријавени и прекини на електрична енергија.
Missile and drone strikes on Russia is underway. So far, this was reported:
– UAVs targeted a power substation in Bryansk region;
– Allegedly, a Storm Shadow missiles struck the Bryansk Chemical Plant, which had been serving Russia’s military-industrial complex;
– A thermal… pic.twitter.com/Po5FNZvQfr— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) October 21, 2025
Ракетите „Сторм Шедоу“, со домет од 250 до 560 километри, се дизајнирани за прецизни удари по критични цели и претходно биле користени против цели во Брјанск, Курск и на Крим.
Bryansk region… BAVOVNA 🤩🔥 pic.twitter.com/Vf4SnXWT1i
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 21, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека далекуметните удари се незаменлив клуч за мирот, нагласувајќи дека Русија избегнува дипломатија кога Украина има послаб капацитет за такви напади.
Blackout in the Bryansk Oblast after a Ukrainian drone attack
🇺🇦🇷🇺‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/hSFrotAIgj
— WW3 Monitor (@WW3_Monitor) October 21, 2025