Свет
Инспекторот можел да пука ако бил во животна опасност?

МВР денеска се очекува да поднесе кривична за предизвикување општа опасност
против полицискиот инспектор од Одделот за организиран криминал, кој во
саботниот инцидент во дискотеката „Хард рок“ во самоодбрана ранил еден од
обезбедувачите на дискотеката.
МВР денеска се очекува да поднесе кривична за предизвикување општа опасност
против полицискиот инспектор од Одделот за организиран криминал, кој во
саботниот инцидент во дискотеката „Хард рок“ во самоодбрана ранил еден од
обезбедувачите на дискотеката. Во инцидентот, од непознати лица беа брутално
претепани двајца инспектори, кои не биле на должност. По инцидентот, полицијата
ги привела инспекторите, но не и напаѓачите.
Во Законот за внатрешните работи, во уредбата за употреба на огнено оружје
пишува дека овластено службено лице може да употреби оружје ако животот му е
загрозен.
– Ако овластено службено лице со други средства на присила не може да го
заштити животот на граѓаните или не може да одбие од себе непосреден напад со
кој се загрозува неговиот живот, тогаш има право да употреби огнено оружје –
велат правниците.
И покрај ова, во МВР велат дека полицискиот инспектор немал право да пука.
– По што оценил инспекторот дека неговиот и животот на колегата е загрозен, па
посегнал по оружјето? Тој може има право да пука, но не и во насока на други
луѓе што биле во близина. Кога полицискиот инспектор дал наредба да престанат,
насилниците се повлекле и тогаш тој пукал – велат од Секторот за внатрешна
контрола.
(Д.В.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин
Европа
Започнува судењето на бездомничката од Алжир која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес започнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокираше Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петок, 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка која престојувала во станот на нејзината сестра во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Час и половина подоцна, камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези, вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот брзо доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеци пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата, Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот Фресне, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин